Од организацискиот тим на манифестацијата потенцираат дека доколку се создадат сите неопходни услови, годинешната Галичка свадба може да се одржи за време на големиот празник Пресвета Богородица, односно на 28 август.

Објавил: Стојче Бушин | 7 јули, 2020 19:37

Одложена културно-сценска манифестација „Галичка свадба“

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Соочени со предизвикот на Ковид-19 и во интерес на заштита на јавното здравје како врвен приоритет, Советот на Месна заедница Галичник донесе одлука да го одложи одржувањето на годинешната културно-сценска манифестација „Галичка свадба“, која традиционално се одржува кон средината на месец јули, за време на верскиот празник Петровден.

Од организацискиот тим на манифестацијата потенцираат дека доколку се создадат сите неопходни услови, годинешната Галичка свадба може да се одржи за време на големиот празник Пресвета Богородица, односно на 28 август.

„Разговаравме долго, го обезбедивме традиционалното покровителство на Свадбата од Претседателот на државата, се консултиравме со стручни лица од областа и со Комисијата за заразни болести, развивме сеопфатен протокол, но сфативме дека со оглед на моменталната епидемиолошка состојба, манифестацијата Галичка свадба не треба да се одржи на Петровден. Будно ќе ги следиме состојбите и препораките и се надеваме дека Свадбата ќе ја одржиме наскоро. Прилагодувањето е одлика на умните и истрајните, на тоа нѐ учи и природата.

Со одредени прилагодувања на секојдневието, тоа ќе врви, ќе може да ги правиме нештата кои ни го прават животот вреден за живеење, а болеста ќе има малку или никакви шанси да нѐ допре“, информираат од организацискиот тим на Месната заедница Галичник.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Обраќањето на претседателот Пендаровски ќе биде пренесувано во живо на првиот програмски сервис на МТВ, како и на Facebook страницата на претседателот и на YouTube каналот.

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на Илинден во Пелинце

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати на одбележувањето на државниот...

“Во чест на Илинден заедно со коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на црешовото топче“ тргнавме од Зубовце до славното Крушево.

КОЊИЧКИ МАРШ ЗА ИЛИНДЕН: Пратеничката Мизрахи на чело на коњицата кон Мечкин Камен

Пратеничката во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, годинава ја предводи...