Имено уште вчера требаше да започне снимањето на новиот филм од серијалот, но поради позитивните тестови за присуство на коронавирус во Италија  продуцентите решија за сега да го замрзнат проектот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 февруари, 2020 18:12

Одложено снимањето на „Невозможна мисија 7″ поради коронавирусот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска Парамаунт пикчрс преку соопштение ја извести јавноста дека е одложено снимањето на филмот „Невозможна мисија 7″.

Како што беше посочено во соопштението, снимањето на филмот требало да биде во Италија, но поради заканите од коронавирусот ќе биде одложено.

Имено уште вчера требаше да започне снимањето на новиот филм од серијалот, но поради позитивните тестови за присуство на коронавирус во Италија  продуцентите решија за сега да го замрзнат проектот.

Кинеските власти досега затворија над 70.000 киносали ширум земјата. 

Парамаунт пикчрс во соопштението се повикува на забраната за собири на јавни места во Венеција. Од продукцијата посочуваат дека присуството на коронавирусот во Италија може да им наштети на глумците, па  поради загриженост за глумците и другите вработени решиле да го одложат снимањето. За сега не е познато до кога ќе трае одлагањето.

Инаку главниот актер во филмот, Том Круз претходно не бил пристигнат во Венеција.

За потсетување, пред неколку дена, поради коронавирусот беше откажана и турнејата на последното продолжение од Џејмс Бонд филмот со Даниел Крег „No time to die“ .

Новиот филм во киносалите пристигнува кон почетокот на април, а подготвена е и голема светска турнеја, која засега се откажана поради заканите од коронавирусот.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.