Претседателот на САД, Доналд Трамп претходно изјави дека им наложил на членовите на неговата администрација барем привремено да го прекинат финансирањето.

Објавил: Едмонд Бекири | 15 април, 2020 22:05

БИЛ ГЕЈТС: ОДЛУКАТА НА ТРАМП Е ОПАСНА – На светот му е потребен СЗО, никој не може да ги замени!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на САД, Доналд Трамп претходно изјави дека им наложил на членовите на неговата администрација барем привремено да го прекинат финансирањето од Светската здравствена организација заради начинот на кој се справува со пандемијата на вирусот корона.

– Нивната работа го забавува ширењето на Ковид-19 и ако таа работа е стопирана, ниту една друга организација не може да ги замени. На светот му треба СЗО сега повеќе од кога и да било – напиша основачот на Мајкрософт на својот профил на Твитер, пренесува Си-Ен-Ен.

СЗО го прогласи коронавирусот за глобална закана за здравјето на луѓето кон крајот на јануари, а една недела подоцна фондацијата Бил и Мелинда Гејтс вети 100 милиони долари за да помогне во спречување на епидемијата.

Средствата, рече фондацијата, ќе бидат искористени за да се најде вакцината за вирусот, да се ограничи нејзиното ширење и да се подобри откривањето и третманот.

Претседателот на САД, Доналд Трамп претходно изјави дека им наложил на членовите на неговата администрација барем привремено да го прекинат финансирањето од Светската здравствена организација заради начинот на кој се справува со пандемијата на вирусот корона.

Трамп изјави на прес-конференција во Белата куќа дека СЗО не успеала да ја исполни својата основна должност и дека мора да биде одговорна.

Тој го обвини СЗО дека промовира „кинеска дезинформација“ за вирусот корона, за кој тој процени дека најверојатно ќе доведе до поголема епидемија на вирусот корона, отколку што би се случило поинаку.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Иницијатор за поднесување на барањето е д-р Алемпијевиќ, професор по судска медицина на Медицинскиот факултет во Белград, а него го поддржаа уште шест колеги и еден лекар во пензија.

НЕСТОРОВИЌ ОСТАНУВА БЕЗ ДОКТОРСКА ЛИЦЕНЦА: Ќе поднесам тужба!

Против проф. Д-р Бранимир Несторовиќ, член на Кризниот штаб за борба против коронавирусот,...

Според АП, тој оценил дека „во американската историја е без преседан толку мал број на корпорации кои контролираат толку голема сфера на човековите интеракции“.

ТРАМП ПОТПИША УРЕДБА ЗА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Имаа неконтролирана моќ да цензурираат, ограничуваат, креираат и кријат!

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ со кој се ограничува заштитата...