Во Македонија има правен преседан Уставниот суд за вакво објавување на законите

Објавил: Узунов Бобан | 16 јануари, 2019 10:23

Одлука на Уставниот суд на РМ: Не може да има закон само со потпис на Претседателот на Собрание

Фото/Текст извор: ©магазин

Со Одлука на Уставниот суд на Република Македониија бр. У.бр.141/1997 и У.бр. 146.1997 укинат е Указот за прогласување на законот за употреба на знамињата преку кои припадниците на националностите преку кои припадниците на националностите го изразуваат својот идентитет и национални особености. Указот како и за денешниот Закон за употреба на јазици е укинат поради тоа што бил потпишан само од тогашниот претседателот на Собрание Тито Петковски

Уставниот Суд, како што стои во одлуката утврдил дека Указот е потпишан од претседателот на Собранието на Република Македонија, во својство на претседател на државата иако на претседателот на Републиката не му престанала функцијата, ниту бил спречен да ја врши.

Со објавувањето на Законот за јазици само со потпис на претседател на Собрание, Џафери ја продолжи праксата на грубо кршење на Уставот и Деловникот која ја следи уште од неговиот избор.

И денес во случајот со Законот за употреба на јазиците, Талат Џафери ги узурпирал надлежностите на Претсдателот на државата Ѓорѓе Иванов и само потпис на Претседател на собрание го испратил на објавување во Службен весник со што го повредил Уставот на РМ, член 75 во кој е јасно определно дека законите се прогласуваат со потпис од Претседателот на Собранието и претседателот на државата. Не е предвидено во ниту еден член во Уставот потписот на претседателот на државата да биде анулиран со фуснота и со политички објаснувања да се оправдува правно газење на Уставот. 

Според 82 став 1 од Уставот во случај на смрт, оставка, трајна спреченост да ја врши функцијата или престанок на мандатот по сила на Уставот, до изборот на нов претседател на Републиката, функцијата претседател на Републиката ќе ја врши претседателот на Собранието.

Според толкувањето на Уставниот суд, само во горенаведените три случаи Претседателот на Собранието би можел да ги извршува надлежностите на Претседателот на државата.

Во денешната ситуација не е исполнет ниту еден од условите кога Претседателот на Собранието може да ги извршува надлежностите на Претседателот на државата.

Неиздржани би биле толкувањата, веројатно на потчинетиот Уставен суд и провладините експерти, дека Талат Џафери не ги узурпирал надлежностите на претседателот на државата затоа што не се потпишал на негово место. Тука е спорна, неуставна, постапката за донесување на закон, а не надлежностите на првите луѓе на државата. Или едноставно, БЕЗ ПОТПИС НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА НЕМА УКАЗ, НЕМА и ЗАКОН.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Останатиот дел од отпадот земјата во тој период го увезла од Турција - над 32 илјади тони, а помали количини се увезени од други земји од Европската унија како Франција, Германија, Грција, Шпанија, Италија, но и од Швајцарија и од други држави.

7 МИЛИОНИ ТОНИ ОТПАД ВНЕСЕНИ СЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Ѓубрето на Бугарија влегува кај нас!

За две години во земјава бил увезен над десет пати повеќе отпад од вкупната количина...

Како ви легна веста дека власта на СДСМ - Фамилијата - ДУИ (Светото тројство) одобрила 14 милиони евра за Државна лотарија да купи покер автомати на кои вашите деца, по некој супруг и браќа ќе го дотрошат она малку што го имате по дома?

Латас: Ај од нас, ама и од црква да се крадело

Латас со прашање до читателите: Како ви легна веста дека власта на СДСМ – Фамилијата...

Прашањето кое се наметнува е зошто во 2014, полицијата и обвинителството на Република Македонија, не известиле дека има одредена пред истрага или истрага, или можеби пак завршена истрага, против лицата Зоран Заев

МАГАЗИН: Зошто Рускоска е омилената обвинителка на Груевски и Заев?

Денес повторно како бомба одекна веста на весникот „ЛА ВЕРИТА„ Заев бил вмешан во...