Пендаровски смета дека не постојат реални шанси да попушти Република Бугарија и оваа година да се оддржи првата меѓувладина конференција меѓу нашата земја и Унијата.

Објавил: Перо Милчин | 20 ноември, 2020 22:44

Од Брисел ни кажаа дека ниту една земја или државник не го поддржува ветото од официјална Софија

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Информациите коишто ги имаме од Брисел велат дека ниту една земја или државник не го поддржува ветото од официјална Софија, за старт на отпочнување на преговорите на Македонија со ЕУ, вели Пендаровски!

Пендаровски смета дека не постојат реални шанси да попушти Република Бугарија и оваа година да се оддржи првата меѓувладина конференција меѓу нашата земја и Унијата.

Веста од Брисел сите ја примивме со големо разочарување. За жал, точката за отпочнување на преговорите напата земја со ЕУ од страна на германското претседателство беше помината само информативно и не беше донесена никаква одлука.

Кога во 2017-та со Република Бугарија го потпишавме Договорот за добрососедство и пријателство, се чинеше дека постои јасно изразена политичка волја на двете страни да се имплементира договорот, според неговата содржина.

Сега, истата политичка структура којашто стои зад потпишувањето на Договорот, излегува од неговите рамки и оди во спротивна насока од основните Европски принципи и вредности, вели претседателот!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од еколошкото здружение Натура лаб од Лабуништа, се закануваат со блокади и бојкот на наставата во локалното основно училиште, ако владата не си го одржи ветеното.

Жителите на Лабуништа се жалат дека власта ги излажала

Каменоломите во струшко Лабуништа, две години откако беа затворени од државата, сега...

Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаху ќе разговара со сите муфтивства во земјава, а самиот секој петок ќе оди во џамиите и ќе ги повикува граѓаните да внимаваат со непотребното трошење струја. Ова му го вети првиот човек на ИВЗ Фетаху на министерот за економија Крешник Бектеши

Бектеши бара помош од верските заедници – ИВЗ: Секој петок во џамија ќе се зборува за штедење струја

Исламската верска заедница ќе бара од верниците да штедат струја во текот на зимата. Поглаварот...

Тој најави дека ќе разговара и со Македонската православна црква за поддршка во активностите за справување со енергетската криза. Целта е да се намали потрошувачката и да се ослободат повеќе количества на струја за индустријата.

Бектеши бара поддршка од ИВЗ и МПЦ за штедење струја

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска побара поддршка од поглаварот на...