Заклучно од денес па до 31 јули, соседна Бугарија воведе привремена забрана за влез на сите лица од Македонија, без оглед на нивното државјанство.
Ваквата одлука за затворање на границата е донесена поради влошување на епидемиолошката ситуација во земјата и се однесува на сите гранични премини, воздушни, железнички и копнени патишта.
Исклучок од забраната е дозволата за македонските државјани да транзитираат преку Бугарија со цел нивно враќање во државата. Транзитот се дозволува единствено во случаи кога може да се гарантира неодложно напуштање на територијата на Бугарија, се додава во соопштението.
Бугарската агенција „Новините“ јавува дека истите правила како за Македонија важат и за Србија, БиХ, Црна Гора, Македонија, Косово, Албанија и Турција.
Инаку во соседна Бугарија веќе неколку дена се водат антивладини протести. Илјадници демонстранти секојдневно протестираат на улиците во Софија барајќи, оставка на владата на премиерот Бојко Борисов поради корупцијата и мафијашко однесување во членката на ЕУ.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.