Матичните лекари од денеска го почнуваат тридневниот протест. Тие ќе бидат во нивните ординации, но нема да издаваат упати и рецепти и ќе прегледуваат само итни пациенти.
Здружението на приватни лекари по четврти пат годинава организира протест, бидејќи според матичните лекари, властите немаат слух за нивните барањa!
„Замолуваме да ни кажат која е вистинската причина и зошто сме игнорирани, вака на ни еден матичен, специјалист од приватното здравство, за руралните, за лабораториите за целото приватно здравство 5 години никој не спомнува ништо. Последен пат сме спомнати во 2018 година кога со одлука на Влада беше покачен капитациониот бод. Ако има некоја друга позадина и причина колегите бараат да знаат и да си го бараат чарето“, изјави д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.