Во наредните неколку месеци за сообраќај ќе биде забранета обиколницата од штипската приградска населба „Три Чешми“ до клучката кај петтиот километар, односно до мостот на реката Брегалница.

Објавил: Владо Марин | 21 јули, 2021 18:39

ОД ДЕНЕС СИТЕ ШТО ОД РАДОВИШ И СТРУМИЦА ПАТУВААТ КОН СКОПЈЕ, ЌЕ МОРА ДА ВОЗАТ НИЗ ШТИП

Фото/Текст извор: ©магазин.мк/24.мк

Од денес сите што од Радовиш и Струмица патуваат кон Скопје, ќе мора да возат низ Штип.

Во наредните неколку месеци за сообраќај ќе биде забранета обиколницата од штипската приградска населба „Три Чешми“ до клучката кај петтиот километар, односно до мостот на реката Брегалница. 

Тоа е дел од втората етапа при изградбата на новиот експересен пат Штип – Радовиш.

Пред неколку месеци штипската општина побара друго решение, бидејќи на овој начин ќе се оптовари една од главните градски артерии, каде и вообичаено има голема фреквенција од автомобили, но од Министерството за транспорт и врски добија одговор дека тоа е единствена алтернатива.

Штипјани сметаат дека освен огромениот метеж тоа ќе остави последици и по куќите што се веднаш покрај патот, а особено се плашат за неколку куќи заштитени со закон како архитектонско културно наследство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.

Утре и задутре посебен режим на сообраќај во Скопје

Утре и задутре посебен режим на сообраќај во Скопје! На 20.06. и 21.06.2022 (понеделник и вторник)...

Во вториот програмски период преку ИПА Програмата за прекугранична соработка со Грција се одобрени 62 проекти од кои повеќето, од првиот повик се веќе имплементирани.

Милевски: Почнуваме со реализацијата на 10 нови прекугранични проекти со Грција

Денеска ги потпишавме договорите за кофинансирање на 10 од вкупно 22 проекти во рамките...

Скопје и Тирана беа единствените странски дестинации на „ГуливЕр“. Компанијата го одржуваше летот Софија-Скопје со турбопропелерски авион АТР 72-600, кој е со капацитет од 65 седишта, а летовите беа во понеделник и сабота, во 5 часот наутро.

Престана продажбата на авиобилети за линијата Скопје-Софија-Скопје

Бугарската авиокомпанија „ГуливЕр“ престанала да продава билети за летот Софија-Скопје...

Бесплатен превоз на млади лица до 27 години, секоја прва и трета недела во месецот, во период на викенд денови од петок од 12 часот, до понеделник до 12 часот

Бесплатен превоз во железничкиот сообраќај од 1 мај 2022 година

Согласно мерките за намалување на трошоците на живот за граѓаните, Владата на Република...