Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, со два контролни негативни теста на Ковид-19 се испишани тројца пациенти кои се во добра здравствена состојба и тие заминуваат дома. На клиниката починаа двајца пациенти, од кои едниот сеуште не потврдено со тест дека бил заразен со Ковид-19.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 април, 2020 18:52

Од денес 24 часовен карантин за време на викендите во Куманово!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk фото сител.мк

Во изминатите 24 часа регистрирани се 46 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје-13, Куманово-23, Дебар-2, Прилеп-1, Тетово-2, Велес-2, Гостивар -1, Гевгелија -2. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 430 лица.

Единаесет здравствени работници од болницата во Куманово заболени со Коронавирус.

Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, со два контролни негативни теста на Ковид-19 се испишани тројца пациенти кои се во добра здравствена состојба и тие заминуваат дома. На клиниката починаа двајца пациенти, од кои едниот сеуште не потврдено со тест дека бил заразен со Ковид-19. Овој пациент бил на возраст од 70 години од Куманово кој од коморбидитети имал хипертензија и срцева слабост, се чека резултатот од тестот. Другиот е пациент со Ковид-19 на возраст од 68 години, од село во околината на Тетово, кој имал артериска хипертензија.

Меѓу потврдените новозаболени случаи од Куманово, има нови потврдени здравствени работници позитивни на Ковид-19 од болницата во Куманово.

Со дополнителни ограничувања на движењето на граѓаните се бориме да го забавиме ширењето на коронависрусот. Владата на Северна Македонија денеска воведе полициски час во Општина Куманово – целосна забрана за време на викенд, почнувајќи од 21:00 часот во петок (денес) до 05:00 часот во понеделник.
Во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи секој ден во периодот од 16:00 до 05:00 часот.
За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Напомена дека мерката карантин била неопходна з анамалување на бројот на заразени з авреме на продолжениот викенд а воедно и посочи дека од понеделник можно е да нема рестриктивни мерки.

Филипче: Нема да се тестираат лицата кои биле надвор од Скопје овој викенд

На денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче истакна дека...

Којзнае, можеби Комисијата за заштита од заразни болести и Владата развиваат и друга експертиза, за управување со кризи предизвикани од природни непогоди.

Силјановска-Давкова: Воведоа мерки како да не очекува ураган и тоа најчесто за викенди!

Професорката Гордана Силјановска-Давкова, која беше и кандидат за претседател предложен...

Сепак, тој нагласува дека во моментов албанската политичка сцена е во период на раздор и ослабување на албанската политичка волја во многу партии кои, според него, предизвикуваат раздор и отцепувања.

АЛИ АХМЕТИ: Време е за првиот премиер Албанец во Македонија!

Целта на Демократската унија за интеграција е премиер Албанец, пишува на својот фејсбук...

Според Пановски пикот на заразата допрва доаѓа. Вели новодијагностицираните пациенти се последица на непочитување на мерките во одделни скопски населби и додава оти држава која не може да си ја контролира целата територија не може да се справи ниту со епидемија.

Пановски: Држава која не може да ја контролира целата територија не може да се справи со епидемија

Откако вчера на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледаат колони...