Премиерот Заев истакна дека за патната инфраструктура е планирана значителна сума средства и дека од оваа година има нов систем за надгледување на спроведувањето на капиталните инвестиции!

Објавил: Рејхан Бајрами | 6 јуни, 2021 19:34

Од инфраструктурно заостаната земја, Македонија се гради и поврзува со квалитетна, безбедна и сигурна патна инфраструктура за граѓаните

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Реконструкцијата на патниот крак Кавадарци-Дреново ја реализираме на барање на граѓаните од овој регион, кои ќе добијат современа делница и безбедно приклучување кон експресниот пат во изградба од Градско кон Прилеп.

Од Македонија, која беше инфраструктурно заостаната земја, во интерес на граѓаните ги реализираме нашите програмски одредници „Сообраќајна мрежа без црни точки”, и патно поврзување меѓу најголемите центри за кое нема да бидат потребни повеќе од 90 минути низ безбедни патни правци“, истакна премиерот Заев на денешниот увид на реконструкција на патниот правец Кавадарци-Дреново каде беше заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на „Македонија пат“, Беким Мемеди.

Премиерот Заев истакна дека за патната инфраструктура е планирана значителна сума средства и дека од оваа година има нов систем за надгледување на спроведувањето на капиталните инвестиции!

„На развојот на патната инфраструктура се работи низ цела Северна Македонија, за што планираме во наредните години да инвестираме значителна сума на средства, кои се проценети на преку 1 милијарда евра, a само во оваа година планираме за изградба и рехабилитација на патишта да намениме околу 200 милиони евра. Важно е да се напомене дека за реализацијата на капиталните проекти, од оваа година има нова димензија, односно активиран е систем кој го надгледува спроведувањето на капиталните инвестиции и веднаш алармира таму каде што ќе се појави застој“, објасни премиерот Заев.

Министерот Бочварски истакна дека по завршување на оваа патна делница од Дреново до Кавадарци, се продолжува со рехабилитација на регионалниот пат Неготино-Глишич. Исто така во оваа градежна сезона ќе се реконструираат 5 улици во Кавадарци и 3 улици во Неготино.

„Оваа Влада ги решава проблемите и ја модернизира патната инфраструктура во државата.  Во однос на  експресниот пат од Градско до

Дреново во фаза на преземање е договорот за работа и многу брзо Штрабаг започнува со работа на трасата. За делницата од Дреново до Фариш избран е изведувач и веќе од 9 јуни компанијата започнува со работа. Исто така избран е изведувач и за рехабилитација на Плетвар и со избор на надзорот и таму започнуваме  со работа. Така да имаме силна градежна сезона во овој регион“, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Директорот на „Македонија пат“ Беким Мемеди рече дека патниот правец Кавадарци-Дреново е исклучително важен за тиквешкиот регион, во вредност од 90 милиони денари и се реализира во две фази, прва фаза опфаќа гребење и реконструкција во должина од 5,1км и втора фаза во должина од 3,9км и ширина 7м, и додаде дека моментално се работи на преку десетина патни правци низ државата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека денеска во период од 7 до 10 часот, дел од автобуските линии ќе сообраќаат по изменети траси од вообичаените, поради одржување на уличната трка „Халк Еко Скопје трча 10 км”.

Дел од автобусите во Скопје ќе сообраќаат по изменети траси

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека денеска во период од 7 до 10...

Резултатите од тестот треба да бидат на еден од следните јазици: англиски, француски, германски, италијански или шпански. Барањето за тест не се однесува на деца до 6 години!

УБАВА ВЕСТ ОД СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ: Од 13-ти јуни слободно патување во Германија

Согласно најновата одлука на властите на Германија, Република Македонија повеќе не...

Капиталните проекти во општините се од огромно значење за урбаниот развој и локaлната еконoмија и затоа Владата ќе продолжи да ги поддржува локaлните самоуправи преку разни владини програми, истакна министерoт Бочварски.

Министерот Бочварски во Неготино најави силен инфраструктурен развој на општините

Со 20 милиони денари реконструираме две улици во Неготино преку проектот за „Поврзување...

Оваа понуда е избрана како најдобра од вкупно 17 понуди од светски реномирани консултантски организации од сферата на транспортот.

ПО 40 ГОДИНИ СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕ НОВА СТУДИЈА ЗА ОПТИМИЗАЦИЈА НА ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ

ПО 40 ГОДИНИ СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕ НОВА СТУДИЈА ЗА ОПТИМИЗАЦИЈА НА ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ Градот Скопје...