Случајно или не, по само неколку дена од како Левица алармираше за катастрофалната состојба во некогашниот дом за деца и младинци, “Ранка Милановиќ”, ноќва во истиот избувна пожар.

Објавил: Мате Парлоф | 31 декември, 2022 14:08

ОД КАКО ЛЕВИЦА ОБЈАВИ ЗА ЛОШИТЕ УСЛОВИ СЕ ЗАПАЛИ ДОМОТ “РАНКА МИЛАНОВИЌ”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

ОД КАКО ЛЕВИЦА ОБЈАВИ ЗА ЛОШИТЕ УСЛОВИ СЕ ЗАПАЛИ ДОМОТ “РАНКА МИЛАНОВИЌ”

Додека СДС, од позиција на власт, се обидува да ја замаи јавноста со некакви си “хуманитарни” акции, низ јавните социјални и културно-образовни институции владеат субхумани услови!

Случајно или не, по само неколку дена од како Левица алармираше за катастрофалната состојба во некогашниот дом за деца и младинци, “Ранка Милановиќ”, ноќва во истиот избувна пожар.

Искршени прозорци, стаорци низ дворот, ужасна реа, испукани водоводни цевки, поплавени подруми, без струја, е само дел од призорот во домот, во кој живееа околу стотина бездомници, заборавени од државата и институциите.

Според жителите во објектот, ваквите нехумани услови во крајна нехигиена биле причина за се почести смртни случаи. Се жалеа и дека се изиграни од државата, дека им било ветено решавање на станбеното прашање, а дел од нив немаат ниту здравствено осигурување.

Министерството за труд и социјална политика, иако е запознаено со случајот, реагираше споро и инертно. Веќе подолго време изјавуваа дека “работат на проценки на терен и дека се работи за обезбедување на социјална заштита”, но, како по обичај, сè се завршува со празни ветувања.

Дали пожарот кој избувна е несреќен случај или е обид за заташкување на неспособноста и негрижата на властите, останува да видиме.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Штотуку започна исплатата за стипендиите на студентите но само на тие што продолжуваат. Покрај тоа што беше ветено дека ќе се започне најпрвин со исплата на ланските

ВЛАДАТА И МОН ПОВТОРНО ГИ ИЗВИСИЈА СТУДЕНТИТЕ

После вчерашната ситуација во Студентскиот дом „Пелагонија“ каде што голем број...

Според неофицијални информации, МВР која правеше претреси во координација со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, пронашла пари во кутии од цигари. Истите биле во кабините на полицајците. Службениците тврделе во судот дека кутиите биле подметнати.

Од вчеравечер, до утрово, уапсените беа во Кривичен суд. Тие негираат вина и сите тврдат дека парите им биле подметнати. До вчера на полноќ, освен полицајците, нема цариници кои се уапсени.

Обвинителството бара мерки за обезбедување присуство, а полициските службеници беа спроведени во Кривичен суд.

Се уште не се соопштени детали од надлежните институции. Првите информации се очекуваат од брифингот на МВР со новинари, кој треба да се одржи денеска.

Командир, заменик командир и осум полицајци уапсени на Табановце: најдени пари во кутии од цигари

Командир, заменик командир и осум полицајци вчера се уапсени на граничниот премин...

Владата на ВМРО-ДПМНЕ немаше да имаме девизни резерви. Значи, структурните политики од некој друг период се најдоа и во услови на тековни кризи. Интервенциите со девизните резерви за заштита на курсот биле и ќе бидат нешто за што има консензус во економијата, кој не спаси од уште повисока инфлација. Но, не се спасиме од неуспешноста на Владата да преземе навремени мерки, енергетскиот менаџмент да испорача струја и од не навременоста на НБРМ да преземе и комуницира јасно со јавноста дека ја затега монетарната политика со сите можни инструменти. Кај нас сегашната ситуација е како после свадба тапани.

ВМРО-ДПМНЕ: Нема оправдување за високата инфлација, таа е неуспех на Владата и централната банка

Нема оправдување за високата инфлација. Таа е неуспех на Владата и централната банка,...