Како последица од Ковид-19 во болница во Турција, каде беше на лекување, почина 59-годишниот Касем Хисенбелиу, сопственик на повеќе медумски куќи, меѓу кои и „Факс Њуз“, и познат албански бизнисмен!
– Успешниот бизнисмен и сопственик на повеќе медиуми, Касем Хисенбелиу почина утрово во Турција, каде беше хоспитализиран неколку недели, како резултат на компликациите добиени од коронавирусот.
И покрај големите напори на лекарите и молитвите на неговото семејство и пријателите, тој не можеше да го победи вирусот, објавија албанските медуми.
Хисенбелиу ја основаше и управуваше со телевизијата „Факс Њуз“ од октомври 2017 година, а долги години со посветеност и успех ги предводи и медиумите, како на пример весниците „Панорама“ и „Газета шќиптаре“, телевизијата Њуз 24, агенцијата Балкан веб и Радио Албанија, пренесува 21 Тв!
Тој беше оженет и татко на две деца.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.