Љубовта е вечна инспирација за човекот. Таа е универзален двигател на човечкото дејствување. Некои го дефинираат како идеја, други како идеал, психолозите, пак, тврдат дека е сет од помалку сложени емоции.

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 25 јануари, 2020 14:58

Од кога модринки и скршеници станале доказ на љубовта ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Љубовта е вечна инспирација за човекот. Таа е универзален двигател на човечкото дејствување. Некои ја дефинираат како идеја, други како идеал, психолозите, пак, тврдат дека е сет од помалку сложени емоции.

Историски конептот за љубовта се менувал и добивал различни значења. Но, сепак, никогаш не престанал да ги инспирира авторите, уметниците и филозофиите, впрочем луѓето кои ја испишале историјата, оставајќи цивилизациски белези.

Една од најкомплетните книги за љубовта е „Уметноста на љубовта“ од Ерих Фром. Во неа се зборува за различни типови на љубов, а како асоцијации на идејата за љубов се наведуваат – убавото, благопријатното, благородното и др. Колку и приказната да звучи јасна, кога ќе се искачи на апстрактно ниво, сепак наоколу можеме да сретнеме злоупотреби на љубовта. Во име на љубовта луѓето прават секакви манипулации, креираат лажни слики, повредуваат, па дури и убиваат други човечки суштества. Љубовта е силувуван и злоупотребуван термин, се чини дека употребата на овој збор е исфорсирана.

Неколку примери што ќе ги соочат луѓето со своите постапки што ги прават под изговор на љубовта:

Ситуација 1: Маж ја претепува својата сопруга затоа што се сомнева дека го изневерува. Жената завршува во болница со моринки и скршеници. По исчезнување на афектната состојба мажот доаѓа во болница со цвеќе во раце, се извинува длабоко и изговара: „Знаеш колку те сакам, јас без тебе не можам да живеам.“  

Што таа жена има од љубовта, освен модринки и скршеници по цело тело, болки, страдања и страшно понижување и омаловажување? Ве прашувам едно сугестивно прашање, дали така треба да изгледа љубена жена?

Родителите ги купуваат или продаваат своите деца. Така ли изгледа родителска љубов?

Ситуација 2: Родителите го контролираат животот на син единец. Го запишуваат на клавир, иако тој не сака да свири и е свесен дека нема никаков талент. Му ги избираат училиштата, факултетите, па дури и животниот парнер. Секоја реченица родителите ја почнуваат со: „Родителите го сакаат своето дете најмногу на свет и со самото тоа му мислат најдобро“. После неколку години, детето, сега веќе возрасен човек, развива депресија, а потоа и соматска болест од која умира, поради тоа што никогаш не бил почитуван како личност, не му биле вреднувани желбите, потребите и одлуките. Им поверувал на родителите дека тоа што тие го прават е љубов, а ако љубовта омаловажува, повредува и причинува лоши чувства, тогаш која е смислата на животот? Нели смислата на животот е љубовта, ако љубовта толку потиштува и ослабнува, тогаш животот нема смисла.

Што има синот од љубовта на неговите родители? Можеби му обезбедиле стан, кола, образование и кариера. Но тој секој ден се буди живеејќи го живтот во очите на своите родители, секој ден се буди без чувство за себе, дури и раката му се чини туѓа, главата, мислите, очите, буквално се е туѓо. Ги прашувам родителите која е сатисфакцијата од изговарање на реченици: Личиш или не личиш на мене, ги имаш моите очи и нос, јас те создадов, ти мислам најдобро, кал од под нокти вадев за да те ишколувам и сл.? Овие работи се подразбираат, а ако ги потенцирате тогаш значи дека сте ги направиле само за да имате слуги на своите желби, потреби, идеали, слуги на сопствената репутација. Со ваквиот однос, вие не си ги сакате децата, некои од вас ги купуваат со пари и материјални работи, други ги продаваат за да си ја купат својата чест и општествен углед. Кој ве учеше дека така изгледа љубовта? 

Ситуација 3: Човек е посветен на верскиот живот. Цел живот учел од светите книги и од свештениците. По неколку години, во име на љубовта кон Бог влегува во училиште и разнесува на најситни парчиња 30 деца од одделение извикувајќи го името на Бог во последните моменти од својот живот и искажувајќи му љубов.

Што има Бог од љубовта и посветеноста на верникот? Ниту еден Бог не го сака злото во светот. А што предизвика верникот со својата љубов кон Бог? Само зло и страдање, само лешеви и солзи на семејствата на децата.

Во име на љубовта кон Бога, луѓето предизвикуваат зло

Дечки колку пати сте го злоупотребиле зборчето „Те сакам“? Колку пати сте го изговориле без да го чувствувате? Колку пати сте очекувале некој да ви возврати исто отткако ќе го изговорите? Колку пати сте го кажале само за сопругот да ви купи нови чевли? Колку пати покажавте повреденост пред вашето дете само за да го натерате да го усвои вашиот совет за тоа каде ќе работи или дали ќе се ожени?

Подобро е да не покажете чувства одошто да ги потенцирате. Запамтете добро луѓе што зборуваат многу за своите емоции, бараат да ги уловат вашите во својата мрежа. Манипулатор секогаш изгледа како жртва!

Автор: Магдалена Стојмановиќ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

Пиците се печат во ресторани и пицерии во рерна на 329 степени, а топлината е рамномерно распоредена.

Светски ден на пицата: Тајната да биде совршена не е во состојките- важно е како ја печетe, ТУКА МНОГУ ГРЕШИТЕ

Ако се прашувате која е тајната да се направи совршена домашна пица, треба да знаете...

Во Македонија оревот традиционално се употребува во копаничарството, за покуќнина и иконстаси и за изработката на народни инструменти како шупелка, зурла и тн.

ОРЕВ- лек за проблеми со жлездите

Орев е род на дрва од фамилијата ореви (Juglandaceae) чиј плод се користи во секојдневната...

Тиквите се одгледуваат заради плодовите кои содржат сува материја (8-16%), а во неа има: шеќери (3–8%), пектини (0,3–0,8%), азотни материи (0,3-1,2%), каротин (20%).

СОК ОД ТИКВА- енергетска бомба за вашиот организам

Тикви се едногодишни растенија од фамилијата Cucurbitaceae. Потекнуваат од Централна Америка....