Одметнатите пратеници на ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата со изјави кои не кореспондираат со нивните ставови искажани изминатите четири месеци по однос на Преспанскиот договор

Објавил: Мартин Попоски | 22 октомври, 2018 6:50

Од кого ги штити МВР одметнатите пратеници кога тие тврдат дека народот ги обожава

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Иако говорите на одметнатите пратеници скоро да се идентични во содржината, што отвора сомнеж дека се напишани од еден партиски центар, сепак со различно толкување дали тие се чуствуваат или не безбедни.

Василевски тврди дека гласал за ЕУ и НАТО интегрирање, но и дека побарал дополнителни обезбедување од МВР.

Јас со чиста мисла и со храброст и со сите аргументи, одлучив Македонија да го има единствениот пат кон евроинтеграциите. Иднината за нашите семејства, за нашата држава и за нашите перспективи како Република Македонија, еднаш засекогаш да ставиме крај на поделбите меѓу патриоти и предавници, меѓу Македонци и Албанци. Ние сме едно семејство, кое треба да чекори заедно кон ЕУ и НАТО интеграции, со полна поддршка на нашите пријатели од Вашингтон. – вели Сашо Василевски.

Во изјава за медиумите Василевски негира дека бил поткупени, вели дека гласале според свое убедување и додава дека е 24 часа под полициска заштита поради заканите кои ги добива од петокот.

Скоро идентични изјави и од неговите колешки.

Одбивам секакви шпекулации и инсинуации кои се од компромитирачки карактер. Одлуката е донесена по сопствено убедување. За жал вистинските одлуки не се секогаш популарни, но разумот мора да преовладува. Нашето место е во ЕУ и НАТО. Национално помирување мора да има за да продолжиме напред. – е ставот на Емилија Александрова.

И пратеничката Исмајлоска-Старова со поддршка, но таа тврди дека нејзе никој не и се заканувал по гласањето и дека нема потреба од обезбедување.

Гласав за отворање на Уставот, токму за да придонесам кон подобрувањето на решенијата, а со тоа и да помогнам за процесот. Постапив според сопственото уверување. Поддршката која отворено пристигна од голем број граѓани, а и од меѓународниот фактор, е момент кој треба да се обидеме да го искористиме во наша полза, за нашата татковина. Одговорно ги отфрлам наводите за некакви закани кон мене при одлуката којашто ја донесов во македонското Собрание. Мојата постапка е исклучиво водена од желбата за просперитет на Македонија. – вели Исмајлоска Старова.

Исмајлоска Старова оди и чекор понатаму, народот и сопартијците и даваат поддршка а не закани.

Не сум загрижена за својата безбедност, особено не, бидејќи постојано добивам поддршка од граѓаните, меѓу кои моите сопартијци се најбројни. Во политиката, како најважен дел од животот на народните избраници, има моменти во кои мора да се донесат и тешки одлуки. – додава пратеничката Исмајлоска-Старова.

Пратеникот Зеќир Рачмиловиќ откако се огласи неговата матична организација исто така се обиде да се појасни но и се закани.

Наместо да се разбудиме во еден почеток на хаос, Македонија се разбуди со почеток на решавање на кризата. Тоа се вистинските причини за гласањето и нашата одлука е последица на таквите напори донесена без никакви притисоци од било кого туку како наша слободно изразена волја врз основа на политичката одговорност која ја имавме во овој судбоносен момент за нашата држава. Сето останато се шпекулации и смислени клевети кои нема да поминат несанкционирани. – рече Зеќир Рачмиловиќ.

Од Министерството за внатрешни работи, пак, велат дека се преземени сите неопходни мерки за гарантирање на безбедноста на пратениците. Откако е извршена проценка за нивната безбедност, доделено е 24 часовно полициско обезбедување. 

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Експерти од областа на безбедноста се едногласни во констатациите дека бегството на Груевски во конкретната ситуација е едноставно невозможно без знаење на Спасовски и Заев

Спасовски и Заев знаеле за Будимпешта

Речиси е едногласен ставот на експертите од областа на безбедноста, дека бегството...

Шефот на македонската дипломатија и државниот секретар, Димитров и Димовски оствариле средба со заменик амбасадорот на Унгарија, кој го поставил "вистинското" прашање

Димитров прими “дипломатско” кроше од Унгарија

По објавата на социјалните мрежи, лично од поранешниот премиер и актуелен пратеник,...

Бегството на Груевски доволна причина Јанева по одобрение на Кривичен суд да активира најмалку стотина барања за изрекување времена мерка притвор за случаите на СЈО

Спасовски и го отвори патот на Јанева за масовно приведување

Изјавата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовси, дека нема вина кај органите...

Во правна држава за која знаеме дека е дотолку повеќе полициска, едноставно е невозможно првото име на "декадното режимско владеење" да не се знае каде е четири дена по ред

Бегството на Груевски, со “амин” на Заев и Спасовски?

Пред три години, во екот на политичката криза во Македонија, во јавноста провејува...