Директорката не знае каде се заразил хирургот Тасевски, но тврди дека во последните два месеца немаат регистрирано случај на заболен на Хируршкиот оддел во болницата.

Објавил: Стојче Бушин | 21 октомври, 2020 12:52

ОД КОРОНАВИРУС ПОЧИНА ХИРУРГ ВО КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Д-р Драган Тасевски, доктор специјалист вработен на Хируршкото одделение во Општата болница Куманово, почина од коронавирус. Докторот добил позитивен тест пред десет дена, а откако состојбата му се влошила бил лекуван на Инфективната клиника во Скопје, пишува Сдк!

Од Центарот за јавно здравје во Куманово потврдуваат дека на 9 октомври е потврден случај на ковид-19 на здравствен работник. Директорката од Општата болница Куманово Снежана Захариева, вели дека сите се` уште се во шок од сознанието оти нивниот колега ја изгуби битката со коронавирусот.

„Колегата од пред десетина дена е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, како последица на една сериозна бронхопневмонија предизвикана од ковид-19. Се покажа дека е позитивен со потешка клиничка слика и веднаш е пратен на клиника. Меѓутоа по своја проценка, како што дознав од колегите, заминал на лекување во Систина. Вчера попладне состојбата му се влошила и попладне починал. Никој од нас не очекуваше дека вака ќе се заврши. Многу ни е тешко што изгубивме врвен стручњак професионалец, голем човек и колега, кој даваше свој допринос во оваа битка со справувањето со коронавирусот и во целокупното работење на Кумановската болница“, рече Захариева.

Директорката не знае каде се заразил хирургот Тасевски, но тврди дека во последните два месеца немаат регистрирано случај на заболен на Хируршкиот оддел во болницата.
Таа вели дека оваа е прв случај на починат од коронавирус во нивната болница, иако досега повеќе од 10 отсто од вработените го прележале вирусот.

„Ние сме над 700 вработени, но заразени имавме главно на почетокот на  кризата, во оној период кога на два пункта во стари објекти неадекватни за сместување имавме голем наплив на пациенти. Сега е состојбата стабилна и се надевам дека така да остане“, вели Захариева.

Директорката апелираше до сите граѓани да ја сфатат болеста сериозно, особено скептиците дека вирусот не постои, затоа што ковид-19 е болест со непредвидлив тек.

Куманово е жариште на коронавирусот од почетокот на пандемијата. Досега во Центарот за јавно здравје во Куманово, под кои спаѓаат и Липково и Старо Нагоричане, регистрирани се 1.998 заболени од коронавирус, а активни се 233.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Тој ќе биде активиран ако за тоа има потреба, согласно епидемиолошката состојба во државата и бројот на пациенти кои бараат хоспитализација, потенцираше министерот!

Во моментов околу 500 легла има во ковид центрите во Скопје, извести Филипче!

Во моментов околу 500 легла има во ковид центрите во Скопје, со план за дополнителни...

-Заеднички се договоривме тоа да биде болницата „Мала Богородица“ – старата болница на Систина, каде може да се сместат 100 пациенти.

ФИЛИПЧЕ: ПРИВАТНИТЕ БОЛНИЦИ ЈА ОПРЕМУВААТ БОЛНИЦАТА „МАЛА БОГОРОДИЦА“, ЛЕКУВАЊЕТО ТАМУ НА ТОВАР НА ДРЖАВАТА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, по состанокот со сопствениците на приватните...

Изминатата недела во ЗД Скопје, на шесте пункта во поликлиниките во Чаир, Ченто, Ѓорче Петров, Бит Пазар, Млин Балкан и Јане Сандански беа направени 1.138 тестови, од кои 398 биле ковид позитивни.

БРЗИ ТЕСТОВИ ЗА КОРОНА ОД УТРЕ ВО ШТИП, ГОСТИВАР, ПРИЛЕП, СТРУМИЦА И КИЧЕВО

Во пет здравствени институции во државата од утре ќе се врши тестирање за коронавирус...