Претседателот на Сојузот на синдикати (ССМ) Дарко Димовки, не го криеше задоволството од постигнатиот договор. Тој додаде дека ќе има доследна примена на членот 8 од кој предвидува зголемување на сите останати плати согласно колективните договори.

Објавил: Сара Фемина | 8 февруари, 2022 5:47

Од март минималната плата е 18 илјади денари, приватниците и понатака ќе работат за 9000 денари

Фото/Текст извор: ©глас на Америка

Новиот минималец ќе почне да се исплаќа со мартовската плата, односно од април и ќе опфати над 80 илјади работници кои во просек ќе добијат 45 евра поголем личен доход.

Владата ќе одвои 16 милиони евра од Буџетот за субвенционирање на придонесите. Работодавачите без став околу одлуката но очекуваат поголема продуктивност на работниците

СКОПЈЕ – По серија долги и тешки преговори „падна“ договор – минималната плата се покачува на 18 илјади денари а исплатата на новиот минималец почнува со мартовската плата односно од април и ќе опфатни над 80 илјади работници кои во просек ќе добиваат 45 евра повеќе на трансакциските сметки.

„ Среќен сум и задоволен што можам да соопштам дека постигнавме дооговор со Сојузот на синдикати и со работодавачите со кој 80 илјади наши сограѓани од различни индустрии ќе се извлечат од прагот на сиромаштијата. Мерката во најголема мера ги опфаќа вработените во микро и малите претпријатија трговијата и други важни индустрии во земјава. Оваа мерка е продлѓение и дополнителна поддршка за овие дејности кои беа помогнати низ целата ковид криза “, рече премиерот Димитар Ковачевски, по средбата во Владата.

На средбата е договорено да се сменат критериумите на методологијата за годишно усогласување на минималната плата со 50 отсто од годишниот раст на минималната плата, 50 отсто од растото на трошоците за живот.

„Третиот критериум е новина. Висината на минималната плата нема да може да биде пониска од 57 отсто од просечната плата објавена од Државниот завод за статистика“, објасни премиерот Ковачевски.

Договорот кој беше постигнет вчера вечер предвидува со минимална плата од 18 илјади денари, работодавачите ќе го покријат целокупното нето зголемување на платите за своите вработени кои се на минимална плата а државата од Буџетот да ја покрие целокупната разлика во делот на придонесите од сегашната минимална плата од 15.200 денари до онаа која ќе се исплаќа од март и ќе изнесува 18 илјади денари. Проценките се дека уделот од Буџетот ќе тежи 16 милиони евра до крајот на годината.

„Има посебна програма каде што се финансираат делот за поддршка за покачување на плата а исто така има и во мерките за криза. Значи во Буџетот има дополнителни средства со кои може да се реализира оваа мерка за да се излезе во пресрет на работодавачите“, објасни Фатмир Бесими, министер за финансии.

Претседателот на Сојузот на синдикати (ССМ) Дарко Димовки, не го криеше задоволството од постигнатиот договор. Тој додаде дека ќе има доследна примена на членот 8 од кој предвидува зголемување на сите останати плати согласно колективните договори.

„Ви благодарам заподдршката што ни ја дававте. По макотрпна борба, одлучна, суштинска и егизстенцијална неопходна за работникот денеска ја добивме платата од 18 илјади денари. Добивме Минимална која изнесува 62% од просечната плата. Добивме нова методологија. Им се заблагодарувам и на работодавачите што не беа себични и нене попречуваа за минималната плата и скалестото зголемување. Се гледаме со нови победи“, рече Димовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Денеска може да се подигнат пензиите чиј износ е до 11.000 денари, утре пензиите во износ од 11.001 до 14.000 денари. Исплатата на пензиите од 14.001 до 18.000 денари ќе биде на 1 септември, а наредниот ден – пензиите повисоки од 18.001 денари.

Пензионерите на чија сметка легнуваат пензиите, а имаат платежна картичка со парите можат да располагаат од денеска. Тие можат пари да подигнат од банкомат, со картичката да купуваат во трговската мрежа и електронски да плаќаат сметки

Министерството апелира до пензионерите да си го знаат распоредот за исплата, со цел да не се создаваат редици пред банките.

Започнува етапната исплата на августовските пензии

Од денеска па до 2 септември етапно ќе се врши исплата на августовските пензии во банките,...

Храната, пак, поскапела за 21%, сметките за комуналии и трошоците за горива биле повисоки за 9,4%, додека рестораните и хотелите ги зголемиле цените за 12,3%.

РЕКОРДНА ИНФЛАЦИЈА ВО ЈУНИ ОД 14,5 ОТСТО Храната и транспортот најмногу поскапеа

Кај храната, најголем пораст на цената е забележан кај маслото за јадење од дури 51%....

Според него, иако сме на средина на 2022 година, искористени се 70 отсто од квотите на работници кои доаѓаат од странски земји кои сакаат да работат во Македонија.

Странските државјани се заинтересирани да работат во Македонија, вели Бектеши

Странските државјани се заинтересирани да работат во Македонија. Ова го вели министерот...