До тој период, како што информираат од ФЗОМ, на сила се постоечките позитивни прописи со кои пропишување на лекот кај избраниот лекар како и постапката при издавање на лекот во аптеката се врши со здравствена легитимација заедно со личен идентификациски документ на осигуреното лице при користење на здравствени услуги на товар на Фондот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 септември, 2019 16:55

Од октомври подигнување лекови на рецепт само со лична карта или пасош

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Осигурените лица од 1 октомври годинава ќе можат да ги подигнуваат лековите во аптека само врз основа на рецепт и документ за лична идентификација, односно лична карта или пасош, соопштија денеска од Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ).

До тој период, како што информираат од ФЗОМ, на сила се постоечките позитивни прописи со кои пропишување на лекот кај избраниот лекар како и постапката при издавање на лекот во аптеката се врши со здравствена легитимација заедно со личен идентификациски документ на осигуреното лице при користење на здравствени услуги на товар на Фондот.

Фондот како купувач на здравствени услуги е конструктивен и отворен за соработка со сите чинители во здравствениот систем и работи на имплементација на соодветно електронско решение со кое ќе се олесни администативното работење на здравствените установи при пропишување и издавање на лекови на рецепт, во интерес на поефикасна и подостапна здравствена услуга на осигурените лица – стои во соопштението на ФЗОМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Гордана Кузмановска, епидемиологот од Институтот за јавно здравје истакна дека бројот на заболени значително се зголемил но вели дека нема место за паника бидејќи бројката не  го поминува прагот на сезонската активност кога може да се каже дека веќе има вистинската сезона на грип.

Грипот во Македонија коси: Значително зголемен бројот на заболени

Грипот во Македонија присутен повеќе од било кога. Изминатата недела заклучно од 6...

На овој избор за „достојни лекари“ биле номинирани околу 500 лекари од различни специјалности, а во гласањето учествувале преку десет илјади граѓани, пренесуваат бугарските медиуми.

МАКЕДОНСКА ГОРДОСТ: Македонецот Борче Николовски избран за најдобар лекар во Бугарија

Македонецот Борче Николовски роден во Демир Капија е гордоста на Македонија. Имено...

Заклучно со 3 декември до Институтот за јавно здравје се пристигнати 2.215 пријави за мали сипаници. Вкупниот број случаи пријавени од декември 2018 заклучно со 6 декември, а кои ја исполнуваат дефиницијата на случај и се вбројуваат во вкупниот број заболени во епидемијата, изнесува 1.901, со стапка на заболување од 91,9 на 100.000 жители.

Малите сипаници не стивнуваат: До 3 декември пристигнати 2.215 пријави за морбили

Во периодот од 19 октомври до 6 декември година, односно по пријавување на последниот...