Досега над 20.000 граѓани се пријавиле за заштита против сезонски грип.

Објавил: admin@magazin | 10 ноември, 2021 15:24

Од петок вакцинација против сезонски грип, скопјани пред врата на ЦЈЗ ги чекаат вакцините

Фото/Текст извор: ©магазин

Вакцинација против сезонски грип почнува в петок, изјави за НоваТВ д-р Бесим Зекири, директор на Центарот за јавно здравје – Скопје.

Тој вели дека вакцините се од француски производител и се четиривалентни.

Досега е обезбедена набавка на 40.000 дози од бесплатните вакцини за лица со хронични заболувања и други ризични категории. Во Скопје ќе има и 4.000 дози вакцини кои ќе се наплатуваат – вели д-р Зекири и додава дека цената на вакцините за оние кои сакаат да се вакцинираат, а не спаѓаат во категории граѓани на кои бесплатно им следува вакцина, во минатата година изнесувала 800 денари. Колку ќе чини вакцината против грип годинава, сеуште не е прецизирано. 

Освен во скопскиот Центар за јавно здравје, имунизација против грип ќе се  врши и во поликлиниките при Здравствениот дом Скопје и во центрите и во здравствените домови во целата земја.

Досега над 20.000 граѓани се пријавиле за заштита против сезонски грип.

Овие граѓани деновиве треба да добијат порака каде и кога треба да се јават за вакцинација.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...

Според документите, мајката на екс економскиот директор на клиниката била заведена со дијагноза рак на бели дробови, за подоцна во истиот тој систем да заврши со дијагноза анемија.

Мајката на екс економскиот директор на Онкологија во систем била заведена со дијагноза рак на бели дробови, иако не била онколошки пациент

Мајката на поранешниот организациски директор на скопската Клиника за онкологија,...