На чело со Ковачевски

Објавил: Калина Мартинска | 9 мај, 2024 9:47

Од пола милион гласови, по 22 години, СДСМ освои само 150 илјади

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

По 7 години власт, СДСМ на вчерашните парламентарни избори го доживеа најтешкиот пораз во историјата и се најде во позиција да биде третопласирана партија, зад ДУИ, според бројот на пратеници.

Според резултатите од Државната изборна комисија (ДИК) по преброени 99,27% отсто од гласовите на вчерашните парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 58 пратенички места и 431.251 гласови, коалицијата на ДУИ 19 пратеници и 137.486 гласови, СДСМ има 18 мандати и и 153.250 гласови,  ВЛЕН 13 и 106.991 гласoви, Левица 6 со 67.338 гласови и ЗНАМ 6 пратеници со 55.539 гласови.

Освоените 153 илјади гласови се убедливо најслаб резултат за СДСМ на 11 парламентарни избори досега од независноста, неспоредливо со најдобриот резултат на партијата, остварен на 15 септември 2002 година, кога СДСМ победи со 497.342 гласови, што е и најдобар резултат на која било партија воопшто.

Досега, најслаб резултат СДСМ имаше во 2002 година, кога предводен од тогашниот премиер Владо Бучковски освои 218.463 гласови.

Под 300 илјади гласови СДСМ имаше уште и во 2014 година (368.496) и на првите три парламентарни избори, во 1990 (234.369), во 1994 (291,695) и во 1998 година (279.799). На изборите во 2011 година, СДСМ освои 368.496 гласови, а во 2016 година 436.981.

На претходните избори, во 2020 година, СДСМ освои 327.408 гласови.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, последен пат имаше под 300 илјади гласови во 2002 година (299.179), а најдобар резултат имаше во 2014 година (481,615). На вчерашните избори освои 428 илјади гласови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.