Спуштањето на рамката на години за лицата кои се вакцинираат, ќе ја намали веројатноста да и младите го шират вирусот. Со вакцинација се овозможува заштита од преносливост на новите соеви и заштита од тешка форма на болеста или смртен исход.

Објавил: Перо Милчин | 10 јули, 2021 9:41

ОД ПОНЕДЕЛНИК ВАКЦИНАЦИЈАТА ЌЕ СЕ ОДВИВА БЕЗ ЗАКАЖУВАЊЕ – ЗДРАВСТВЕНИТЕ ДОМОВИ НА ТЕРЕН

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Почнувајќи од понеделник (12 јули), вакцинацијата во државата ќе се одвива без закажување термини.

Започнува и теренската вакцинација, којашто ќе се врши преку Здравствените домови, а во денешната изјава за медиуми, министерот за здравство д-р Венко Филипче најави дека ќе се одобри вакцинација и за децата.

Според препораките, децата од 12 до 16 години ќе се вакцинираат исклучиво со вакцината Фајзер чие упатство од производителот го дозволува тоа.

Од понеделник ќе се дозволи вакцинирање за деца од 12 до 16 години со вакцината Фајзер којашто во овој момент е единствена вакцина која е дозволена да се користи согласно препораките од внатрешното упатство за оваа категорија деца за оваа возраст, посочи министерот Филипче.
Вакцинирањето што поголем број на граѓани ќе овозможи заштита од ширење на епидемијата.

Спуштањето на рамката на години за лицата кои се вакцинираат, ќе ја намали веројатноста да и младите го шират вирусот. Со вакцинација се овозможува заштита од преносливост на новите соеви и заштита од тешка форма на болеста или смртен исход.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Потенцираат дека во моментов 1.112 пациени со тешки симтоми се лекуваат во ковид одделенијата, околу 30 пациенти се на респиратор, а близу 700 се на кислородна маска.

Директорите на сите ЈЗУ со писмо до Заев: Не ја прифаќаме оставката на Филипче

Директорите на Јавните здравствени установи во земјава испратија писмо до премиерот...

Според нашите сознанија компанијата Фајзер е најдалеку отидена во овој дел, изјави Филипче во вчерашното гостување во дневникот на Сител.

Засега препорака за трета доза само од една компанија, вели Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека засега само американската агенција...