На овој начин им олеснуваме на матичните лекари, а и на пациентите да не мора да одат во ковид центрите и болничките установи за да ги направат потребните анализи.

Објавил: Стојче Бушин | 15 јануари, 2021 15:46

ОД ПОНЕДЕЛНИК ЛАБОРАТОРИСКИ АНАЛИЗИ НА Д-ДИМЕРИ И ЦРП ВО ПОЛИКЛИНИКИТЕ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“, „БИТ ПАЗАР“ И „ДРАЧЕВО“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерството за здравство информира дека од понеделник (18.2) во скопските поликлиники „Јане Сандански“, „Бит Пазар“ и „Драчево“ пациентите ќе можат да направат лабораториски анализи со проверување на вредностите на Д-димерите и ЦРП.

Овие анализи се важни во следењето на здравствената состојба на ковид пациентите. Во трите поликлиники, од следната недела ќе има посебен план, лицата кои треба да ја направат потребната лабораториска анализа ќе доаѓаат во темини кои ќе бидат наменети само за нив за да не бидат во контакт со останатите пациенти.

На овој начин им олеснуваме на матичните лекари, а и на пациентите да не мора да одат во ковид центрите и болничките установи за да ги направат потребните анализи.

Партиципацијата за ваквата здравствена улуга ќе се наплаќа по ценовникот за здравствени услуги на Фондот за здравствено осигурување, посочува директорот на Здравствен дом-Скопје, д-р Виктор Исјановски.

Поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит Пазар“ и „Драчево“ се подготвени со биохемиска апаратура и реагенси за изработка на бараната здравствена услуга.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Дел од лекарите, медицинскиот персонал и вработени во Кардиолошкиот завод, се позитивни на Ковид 19, што ја отежнува работата на установата.

Ковид 19 силно ја погоди и Специјализираната болница за кардиологија „Св. Стефан“ во Охрид

Ковид пандемија и натаму силно го притиска здравствениот систем во земјата. Лесно...