Надоместокот за роаминг во земјите од регионот целосно ќе исчезне од 1 јули, што ќе значи повеќе пари во буџетот за граѓаните на овие земји, но и за деловните субјекти, изјави генералниот секретар на Советот за регионална соработка (RCC) Мајлинда Брегу.
Брегу за Радио Слободна Европа изјави дека граѓаните со тоа ќе имаат повеќе пари во џебот, оние што би се потрошиле доколку ги плаќаат тие сметки во регионот поради тарифите за роаминг.
Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ на 1 јули ќе почнат со имплементација на договорот од Вториот дигитален самит од 2019 година, со кој граѓаните добија поевтин роаминг за телефонските разговори, СМС пораките и користењето интернет.
Првата фаза од спроведувањето на договорот почна во 2019 година, кога цената на роамингот беше намалена за 80 проценти, додека втората фаза, односно целосно укинување на роамингот е најавена за 1 јули годинава.
Европската Унија побара укинување на роамингот во телекомуникациските тарифи за земјите од Западен Балкан, како форма на олеснување на комуникацијата на граѓаните.
Забележано е дека младите во регионот сметаат дека олеснувањето на роамингот е корисно како и слободата на движење, поради што, како што рече, тоа ќе биде одлична порака и за нив.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.