Во текот на ноќта ќе започнат врнежи од дожд. Максималната температура ќе се искачи до околу 23 степени.

Објавил: Рејхан Бајрами | 6 октомври, 2021 8:03

ОД ПРЕТСТОЈНАТА НОЌ ВИСТИНСКА ЕСЕН И ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – ТЕМПЕРАТУРИТЕ ВО ГОЛЕМ ПАД

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и ПОСВЕЖО со умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта од запад ќе се прошируваат врнежи од дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Во текот на ноќта ќе започнат врнежи од дожд. Максималната температура ќе се искачи до околу 23 степени.

Потоа од утре па натаму следува период на облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО време со врнежи од дожд кој локално ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ. Сепак НАЈИНТЕНЗИВНИ врнежи ќе има во југозападните предели каде локално ќе наврнат и над 40 л/м2 воден талог. Поради падот на температурите за повеќе од 10 степени, не се исклучува можноста на највисоките планински места и за провејување на снег. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од источен и од југоисточен правец. Температурите ќе бидат потпросечни за овој дел од годината и од утре па натаму ќе се искачуваат во интервалот само од 9 до 17 степени.

И во Скопскиот регион од утре па натаму времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурите значително ќе опаднат и максималните дневни ќе бидат потпросечни за овој дел од годината и ќе се искачуваат само до околу 15 степени.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 10 степени.

СЛЕДУВААТ ЧЕСТИ ВРНЕЖИ – ОСОБЕНО ВО ЗАПАДНИТЕ ПРЕДЕЛИ, ПОГОЛЕМО ЗАЛАДУВАЊЕ ВО ПОЧЕТОКОТ ОД СЛЕДНАТА НЕДЕЛА!

До крајот на денов времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд. Поинтензивни...

Поинтензивни врнежи ќе има особено во западните предели, додека на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

НАЈНОВИ НАЈАВИ: ДАЛИ ДОАЃААТ ПРВИТЕ ЗНАЧИТЕЛНИ ВРНЕЖИ ОД СНЕГ СЛЕДНАТА НЕДЕЛА?!

Како што веќе кажавме, утре ќе имаме променливо облачно и релативно суво време, додека...