Пандемијата ги погоди речиси сите бизниси, но според членовите на Асоцијацијата, Владата различно ги третира државните и приватните установи за згрижување деца иако тие реализираат иста дејност и одговараат пред ист Закон.

Објавил: Стојче Бушин | 11 август, 2020 16:50

Од приватните градинки алармираат дека ќе отпуштат 600 работници ако не добијат помош од државата

Фото/Текст извор: ©telma

Стотици згрижувачки и друг персонал од приватните градинки ќе остане без работа, илјадници деца ќе бидат незгрижени, а приватните градинки затворени ако државата не помогне – алармираат од Асоцијацијата на приватни установи за деца „ПОЛЕТ“.

Пандемијата ги погоди речиси сите бизниси, но според членовите на Асоцијацијата, Владата различно ги третира државните и приватните установи за згрижување деца иако тие реализираат иста дејност и одговараат пред ист Закон.

Станува збор за триесетина градинки на кои им се заканува затворање.

„ТОА Е ОГРОМНА БРОЈКА НА ПРИВАТНИ УСТАНОВИ. ВО НИВ СЕ ЗГРИЖЕНИ ОКОЛУ 1300 ДЕЦА И ВРАБОТЕНИ СЕ ОКОЛУ 600 ЛИЦА. ЕДИНСТВЕНО НЕШТО ШТО НЕ СИТЕ ОД ПРИВАТНИТЕ ГРАДИНКИ УСПЕАЈА ДА ИСКОРИСТАТ ПЕРИОДОВ Е МЕРКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ПЛАТИТЕ. ДРУГИТЕ ЕКОНОМСКИ МЕРКИ И ПАКЕТИ КОИШТО БЕА НАСОЧЕНИ КОН ПРИВАТНИОТ СЕКТОР, НИКОЈ ОД ПРИВАТНИТЕ ГРАДИНКИ НЕ УСПЕА ДА ГИ РЕАЛИЗИРА“ ИЗЈАВИ ЕЛЕНА КЛИВАНОВСКА, ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА ПРИВАТНИ УСТАНОВИ ЗА ДЕЦА „ПОЛЕТ“.

За датум за отворање на градинките се чека официјална одлука од Министерството за труд и социјална политика, а Комисијата за заштита од заразни болести пред десетина дена одобри тие да започнат со работа.

Во меѓувреме, од ресорот под чијашто капа се установите за згрижување на деца, за Телма кажаа тие немаат надлежност да носат одлуки за субенционирање на плати туку Владата утврдува кои категории на лица и правни субјекти ќе добијат финансиска помош и поддршка за своето работење.

„ДЕЛ ОД БАРАЊАТА БЕА ВО НАСОКА НА ПОМОШ И ПОДДРШКА НА ПРИВАТНИТЕ ГРАДИНКИ ПРЕКУ СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ЗА МЕСЕЦИТЕ ЈУЛИ И АВГУСТ, ЗА ШТО ОД НАША СТРАНА ИМ БЕШЕ УКАЖАНО ДЕКА ЗА ТОА ПРАШАЊЕ КАКО МИНИСТЕРСТВО НЕМАМЕ  НАДЛЕЖНОСТ. ЗА МЕСЕЦИТЕ МАЈ И ЈУНИ ПРИВАТНИТЕ ГРАДИНКИ КОИ СЕ ДЕЛ ОД АСОЦИЈАЦИЈАТА ПОЛЕТ, ИМАТ ДОБИЕНО ПОДДРШКА И ПОМОШ ОД ВЛАДАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ“ ВЕЛАТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА.

Во меѓувреме, се очекува одлуката на надлежните и околу новата учебна година, којашто е на само три недели од почетокот.

Извори од Министерството за образование и наука за Телма брифираат дека денес на седница на Влада повторно се разгледувале моделите за спроведување на наставата од септември.

Комисијата за заштита од заразни болести ќе се состане утре и на седницата повторно ќе се анализираат протоколите и можноста за спроведување на истите во училиштата од септември.

Едно од разгледуваните опции од страна на Комисијата е првачињата и децата од другите пониски одделенија да одат на училиште, а повозрасните да учат онлајн.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

При обуката детално им се објаснуваше на наставниците како да ги користат алатките, како да поставуваат материјали, како да го користат Мајкрософт Тимс и како генерално да ја спроведуваат онлајн наставата.

д-р Николче Шулевски за Слободен Печат: Националната платформа нуди квалитетна настава која може да биде подобра и од класичната (ВИДЕО)

Николче Шулевски, докторот по науки за методика во онлајн настава кој е и еден од националните...

Потсети дека на владината седница министерот за здравство Венко Филипче информирал за дебатите што се водат на регионално ниво за отворање на границите во земјите од регионов и оти отвориле дискусија со аргументи за или против отворање на границите, за сите предности или проблематични ситуации што би се појавиле притоа.

Заев: При отворање на границите да се води сметка на здравствениот аспект!

Денеска при посетата на училиштето „Коменски“ во Општина Карпош, премиерот Зоран...

Соња Тошиќ Грлач која е претседателка на Управниот Одбор на болницата во Чаковец, изјави дека пациентот на хемодијализа починал, откако по грешака му бил вбризган дезинфисиенс и изрази сочувство до семејството на починатиот.

По грешка му ставиле средство за дезинфекција- Хрват почина по кобна грешка на медицински лица!

62 годишен пациент од Хрватска починал вчера вечер поради кобна грешка на лекарите....