Вкупно 200.000 кинески вакцини денес треба да бидат дистрибуирани во Скопје, Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола по што со истите од утре започнува масовната имунизација на населението.

Објавил: Сара Фемина | 3 мај, 2021 15:53

Од среда полициски час од 23 часот, кафеаните да работат до 22.30

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Полицискиот час од среда да почнува од 23, а кафулињата да работат до 22.30 часот,  е предложено на денешниот состанок на Централниот кризен штаб, а одлуката треба да биде усвоена на утрешната владина седница, пренесе Канал 5!

Започнувајќи од среда полицискиот час наместо од 21 да почнува во 23 часот, а угостителските објекти со гости само во отворениот дел да работат до 22:30се новите предлог мерки донесени на денешниот состанок на на Централниот кризен штаб. Истите веќе утре треба да се најдат на владина седница. Предлогот според доктор Злате Мехмедовиќ е оправдан за социјалниот и економски аспект кај граѓаните и смета дека превентивните мерки треба да останат на сила.

„Тоа ќе биде во насока на едно одредување на ограничување на трансмисија на вирусот во наредниот период која треба да даде резултати не во зголемувањето на бројките туку пред се во контролира на бројките во наредниот период. Не можеме да предвидиме во која насока ќе се одвива ситуацијата, дали ќе ескалира или деескалира во наредниот период. Она што е на глобално ниво забележливо е дека непочитувањето на мерките доведе во ескалација во земјите.

Полицискиот час не важеше во саботата кога верниците го прослуваа најголемиот христијански празник Велигден, а истата мерка ќе важи и за претстојниот празник Рамазан Бајрам. Голем дел од граѓаните убавото време и продолжениот викенд ги искористија за да ги исполнат туристичките места ширум земјата .. д-р Мехмедовиќ смета дека собирите и групирањата ќе се одразат на бројот на ново заболени лица но потенцира дека болниците располагаат со доволен број на легла доколку повторно се зголеми бројот на лица кои ќе имаат потреба од хоспитализација.

„Секоја можност за трансмисија на вирусот е подобрена кога имате зголемена концентрација на луѓе на одредена површина. Тој социјален аспект кој луѓето го искористија како можност да бидат поблиску едни со други сигурно ќе се рефлектира и во бројките на новозаболени но повторно ќе кажам дека здравствениот систем во моментов е релаксиран.

Утре започнува масовната имунизација на населението во Македонија во повеќе градови ширум земјата со вакцините на кинескиот производител Синофарм.

Вкупно 200.000 кинески вакцини денес треба да бидат дистрибуирани во Скопје, Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола по што со истите од утре започнува масовната имунизација на населението.

Според најавите на здравствените власти ќе се вакцинираат од 10 до 15 илјади граѓани во еден ден, а со почетокот на имунизацијата се очекува до почетокот на летото да се вакцинираат висок процент на граѓани со што ќе се стабилизира епидемиолошката состојба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

– Мицкоски да дојде, премиер да биде? Не размислувам за оставка, а премиер или заменик премиер ќе биде претседателот на Алијанса кога ќе заслужи, кога ќе биде тука да даде идеи, да понуди решенија, не грозотијата да ја користи на најперфиден начин и тоа за време на трите денови на жалост, се од пуста желба за власт, да се победи.

Заев: Не размислувам за оставка

Заев денеска рече дека не размислува да даде оставка. Тој во изјавата на Зијадин Села,...

На поднесеното барање за оваа точка да биде ставена на дневен ред, од присутните 108 пратеници на вчерашната седница, само 19 пратеници гласаа ЗА.

Власта и опозицијата сложно го одбија предлогот на Левица за намалување на патните трошоци на пратениците

Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пратениците, поднесени уште...