
Македонија
Економија
Зејтин ќе има во сите маркети од утре, но цената ќе остане непроменета.
Производителите на сочогледово масло за јадење уверуваат дека ќе се обезбедат доволно количини а цената по шише ќе се движи од 130 до 150 денари. Има доволно суровина, постојано се вршат набавки од Бугарија, вели директорот на фабриката Благој Ѓорев од Велес, но надежите се дека повторно ќе се зголемат земјоделските површини со сончоглед во земјава.
Не очекувам поскапувања. По празникот цената ќе се стабилизира и маркетите ќе бидат полни со масло за јадење. Нема потреба граѓаните да прават залиха, ќе има доволно зејтин на пазарот. Порано произведувавме околу 40 000 тони сончоглед, а лани откупивме помалку од 4 000 тони. Тоа е само 10 отсто од она што сме го имале како држава. – Горан Лазов – Генерален директор на фабриката „Благој Ѓорев” во Велес.
И министерот за земјоделство Николовски очекува барем двојно да се зголемат површините под сончоглед.
-Последните три години овие мерки дале и даваат резултат во зголемување на површините, но тоа не е доволно и затоа зацртавме планови што треба да преземеме. И очекувањата на менаџментот од фабриката се дека годинава ќе се дуплираат засадените површини со сончоглед. – Љупчо Николовски – Министер за земјоделство.
Во меѓувреме недостатокот од сурово масло и зејтин за потрошувачка се надополнува со увоз.
Почна увозот на рафинирано масло од соседите, но се увезува и од други држави со оглед дека ја укинавме царинската стапка од 29 отсто. Ја следиме ситуацијата на дневна основа и заеднички со МЗШВ ги носиме одлуките. – Крешник Бектеши – Министер за економија.
Вчера попладне во земјава пристигнаа 48.000 шишиња масло за јадење од Србија, а уште толку се најавени да пристигнат во текот на денот.
Договорени се уште два милиона литри чиј начин и рок на испорака ќе бидат дополнително прецизирани.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.