Од утре па натаму ќе бидеме под влијание на моќен циклонски систем кој ќе условува чести врнежи од дожд кој на многу места ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, проследени со грмежи и засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

Објавил: Стојче Бушин | 25 септември, 2020 7:59

Од утре Македонија под влијание на моќен циклонски систем кој ќе условува чести врнежи од дожд!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, особено попладне. Ќе започне да дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

Во доцните попладневни и вечерните часови од запад ќе започнат врнежи од дожд. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 32 степени.
 
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност. Ќе започне да дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 27 степени.
 
Од утре па натаму ќе бидеме под влијание на моќен циклонски систем кој ќе условува чести врнежи од дожд кој на многу места ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, проследени со грмежи и засилен ветер од јужен и од југозападен правец.
Локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 35 л/м2) со што после долгиот сушен период, конечно доаѓа крај на сушата во Македонија. Температурите на воздухот ЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат и од утре ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени.
 
Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Загадено е и во други градови низ државава, освен на планините каде воздухот е значително почист и посвеж.

СЕВЕРНИОТ ВЕТЕР ВО ПЕТОК ЌЕ ЈА НАМАЛИ ЗАГАДЕНОСТА НА ВОЗДУХОТ НИЗ КОТЛИНИТЕ – ДЕТАЛИ

Влеговме во период во кој загаденоста низ котлините забрзано расте, па така овие денови...

Сепак и поркај ова, промени се можни, поради тоа што се работи за долгорочна анализа на времето.

МЕСЕЦ НОЕМВРИ ГИ НОСИ ПРВИТЕ УСЛОВИ ЗА ВРНЕЖИ ОД СНЕГ И НА ПОНИСКИТЕ МЕСТА НИЗ МАКЕДОНИЈА

Најнови информации за времето! Снегот набрзо доаѓа! Според најновите анализи за времето,...