Цената на екстра лесното масло за домаќинство се намали за 3,50 денари.

Објавил: Владо Марин | 4 мај, 2020 15:47

Од утре поскапува бензинот, дизелот поевтин – Регулаторна го објави новиот ценовник!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе бидат на сила оваа недела.

Согласно последната одлука на Комисијата цената на бензините се намали за 2 односно 2,50 денари.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 27.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 42,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 27.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 31,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,801 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 27.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 16,144 ден/кг.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.