Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека Комисијата за заразни болести, по повод новите препораки на Светската здравствена организација за ширењето на корона вирус, кој веќе има епицентар во Вухан заклучи дека нема простор за паника.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 јануари, 2020 14:36

Од утре превентивни мерки во Македонија од корона вирусот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од утре ќе се превземат превентивни мерки за коронавирусот и ќе се скенираат со термална камера патниците на летовите од Истанубл и Дубаи.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека Комисијата за заразни болести, по повод новите препораки на Светската здравствена организација за ширењето на корона вирус, кој веќе има епицентар во Вухан заклучи дека нема простор за паника.

Симптомите се треска, кашлица и отежнато дишење. Вирусот мутира и може да се пренесе преку контакт од човек на човек….

-Комисијата за заразни болести, по повод новите препораки на Светската здравствена организација за ширењето на корона вирус, кој веќе има епицентар во Вухан заклучи дека нема простор за паника. Ние немаме директна комуникација и директни летови со овој регион, тоа значи дека луѓето кои би дошле евентуално од таму се веќе неколкупати скенирани на другите аеродорми. Ние ќе преземеме мерки на превенција и веќе од утре за летови од Истанбул и Дубаи, кои имаат врска со овој регион во Кина, патниците ќе се скенираат со термална камера, изјави министерот.

Министерот потеницраше дека нанашиот аеродром согласно последните евалуации е оценет на највисоко ниво и дека ги задоволува највисоките стандарди на детекција.

-Станува збор за вирус што дава многу слични симпотми на грипот. Може да помине со лесна средна форма, но и тешки форми како што еве веќе предизвикаа смрт кај пациенти заобоелни од овој вирус. Потенцирам дека тоа се пациенти кои се постари со намален имунитет и пациенти што имаат хронични заболувања, изјави министерот, кој потенцира дека во однос на пристигнувањето на вирусот преку стоки епидемиолозите сметаат дека практично тоа е невозможно.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Николовски на коментарот дека  функционери од Брисел велат дека е добро што овој закон е донесен во пресрет на можноста да се добие датум за преговори рече дека секој функционер надвор од Македонија ги гледа резултатите:

Николоски: Денеска ВМРО-ДПМНЕ ќе ги разгледа можностите за проценување на постапката во Собранието за Законот за ЈО

Во денешното гостување во емисијата „Утрински брифинг“, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ,...

КОД, по своето детално истражување на добитниците кои се објавуваат секој ден, го поставува прашањето: Дупла среќа или софтверска грешка?

ЧУДНИ НАГРАДИ “МОЈ ДДВ”: Дури девет двојни добитници- Дупла среќа или софтверска грешка?

Во вчерашното издание на емисијата КОД, беше направена анализа за наградната игра...

Освен со Заев и Спасовски, тој може да се забележи и со претседателот Пендаровски, со неговиот портарол Миле Бошњаковски но и со Мухамед Зекири.

Ноќеска полицијата уапси познат криминалец близок до СДСМ

Полициските сили на СВР Скопје вечерва го уапсиле Нафи Абдиоски, познат криминалец...

Потпишани се законите за јавното обвинителство како и изменувањето и дополнувањето на Законот за Советот на јавните обвинители, информираат од кабинетот на Пендаровски.

Пендаровски уште на скали го потпишал законот за ЈО!

Претседателот Стево Пендаровски, попладнево ги потпиша Указите за прогласување на...