Цената на првите два блока струја се намалува, на вторите два се зголемува, но за сите цената на струјата од 1 јули ќе биде поскапа за 2,5% поради враќањата на ДДВ-то од 10% на 18%.
За првиот блок цената се намалува за 7,04% проценти, додека пак за вториот цената на струјата е пониска за 4,09%. Третиот блок ќе плаќа повисока струја за 2,4%, а четвриот 2,45, без додаденото ДДВ, посочи првиот човек на регулаторна Марко Бислимовски.
Цената на ефтината тарифа останува иста, а новината е дека ќе се врати дневната ефтина струја од први декември, и ќе важи од 13 до 15 часот. Бислимовски вели дека диструбитерите имаат шест месеци да направат подготовки за нејзино повторно воведување, иако проблем претставува тоа што 80% од отчитувачите не се со далечинско управување…
Евтината тарифа не ја воведуваме од било какви политички причини, ја воведуваме заради ја воведуваме поради сигналот на цената на електричната енергија на сите берзи.
Бислимовски воедно побара од диструбитерите и понатаму да се насочат кон обвновливите извори на енергија кои што се произведуваат во земјава, со што би било поевтино, бидејќи би се намалил увозот на струја.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.