-Гарантирам дека во јануари цената нема да се покачи на ниво на кое одредени медиуми или, пак, поединци сакаат да го покажат за да креираат страв кај народот. Ние како што докажавме на 1 јули и на 1 јануари ќе докажеме дека цената ќе биде се уште најниска во целиот регион и ќе обезбедиме доволно електрична енергија за да продолжи да тече нормалниот живот онака како што треба, изјави Битиќи по отворањето на „Иновацискиот и бизнис форум Пеперутка".

Објавил: Мирко Бачиќ | 16 декември, 2021 13:36

Од 1 јануари за сметка за струја планирајте од 300 до 500 денари плус секој месец

Фото/Текст извор: ©магазин

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи гарантира дека цената на електричната енергија по 1 јануари нема да се зголеми за толку колку што тврдат некои од медиумите и порачува дека и тогаш ќе биде најниска во регионот.

Гарантирам дека во јануари цената нема да се покачи на ниво на кое одредени медиуми или, пак, поединци сакаат да го покажат за да креираат страв кај народот. Ние како што докажавме на 1 јули и на 1 јануари ќе докажеме дека цената ќе биде се уште најниска во целиот регион и ќе обезбедиме доволно електрична енергија за да продолжи да тече нормалниот живот онака како што треба, изјави Битиќи по отворањето на „Иновацискиот и бизнис форум Пеперутка”.

-Сме кажале дека се залагаме за електрична енергија која е малку штетна за живото на граѓаните т.е. зелена енергија. Секако таа зелена енергија има повисока цена, но во овој момент тоа не е битно.

Битно е дали имаме доволно електрична енергија заради целокупните движења. Затоа сме фокусирани на производство на електрична енергија и на цена која ќе биде достапна за нашите граѓани. Сметам дека било каква популистичка мерка како што е замрзнување на цената не е одржлива. Може да ја замрзнете за три месеци и потоа ќе мора да ја пуштите особено кога сте одлучиле да оперирате на либерализиран пазар што е одлука која е стратешка и долгорочна, рече Битиќи во одговор на прашањето дали Владата размислува да ги замрзне цените на електричната енергија и на парното греење за да спречи ценовен шок.

Како Влада, посочи, будно ги следиме состојбите од јуни 2021 година кога почна движењата на енергетската берза.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Директорот на Царина и американската амбасадорка

Извонредни резултати на Царинската управа во сузбивање на криминалот и прибирање повисоки приходи во Буџетот – Средба Агелер Николовски

Извонредни резултати од страна на Царинската управа во изминатите осум месеци во делот...