Истополовите бракови во Швајцарија ќе може да се склучуваат од 1 јули следната година, соопшти владата на таа земја.
Одлуката беше донесена откако на референдумот, одржан на 26 септември, со големо мнозинство се изгласа истополовите бракови да бидат законски еднакви на хетеросексуалните бракови, вклучително и правото на посвојување деца.
Најавено е дека од тој датум, Швајцарија ќе ги признае истополовите бракови склучени во други земји, кои досега ги третираше како граѓански партнерства.
Владата најави дека од 1 јули повеќе нема да може да се склучуваат граѓански партнерства, а на паровите кои веќе се во такви заедници, кои државата ги легализираше во 2007 година, им е дозволено да останат во нив без обврска за брак.
Стапувањето на сила на референдумските одлуки е одложено поради административни и законски процедури.
Швајцарија е една од ретките земји во Западна Европа каде истополовите бракови сè уште не се легализирани.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.