Се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24 мај, во 11:00 часот до вторник, 26 мај, до 05 часот.

Објавил: Стојче Бушин | 24 мај, 2020 9:52

Од 11 часот почнува продолжениот полициски час!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Од денеска во 11 часот на територијата на Република Македонија започнува 42-часовен карантин, со цел спречување на ширење и справување со пандемијата на Ковид-19’

Следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба со Ковид-19, како и препораките на Комисијата за заразни болести, на владина седница беше донесена одлука за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на овој празничен викенд.

Се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24 мај, во 11:00 часот до вторник, 26 мај, до 05 часот.

Вчера, на 23 мај, забраната за движење остануваше иста како и за сите други денови, од 19 часот до 05 часот наутро.

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во земјава се искачи на 1 941, откако во текот на изминатото деноноќие беа потврдени 20 нови случаи на Ковид-19.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Од организацискиот тим на манифестацијата потенцираат дека доколку се создадат сите неопходни услови, годинешната Галичка свадба може да се одржи за време на големиот празник Пресвета Богородица, односно на 28 август.

Одложена културно-сценска манифестација „Галичка свадба“

Соочени со предизвикот на Ковид-19 и во интерес на заштита на јавното здравје како врвен...

Меѓу поголемите летни празници што македонскиот народ ги празнува со многу обичаи и верувања спаѓа и празникот во народот познат под името Иванден, всушност, празник посветен на раѓањето на свети Јован Крстител.

ДЕНЕСКА Е ИВАНДЕН – Празник за лекување болести и за добивање потомство

Денеска е раѓање на Свети Јован Крстител (Иванден). Пророк кој оди пред Спасителот! Меѓу...

Илјада години лежат моштите на светителот во манастирот. Повеќе пати правени се и чесни и нечесни обиди, да се поместат, но секогаш без успех.

Во петок го славиме светецот кој имал моќ да лекува и за време на животот и по смртта

За чудата кои се случувале во манстирот Свети Наум Охридски Чудотворец постојат многу...