За узурпација на недвижности одговарале 35 лица, 34 за незаконски риболов, по шест лица за незаконски лов и за мачење животни, едно лице за незаконска експлоатација на минерални суровини, а три за други дела.

Објавил: Мате Парлоф | 11 септември, 2022 8:49

Од 73 пресуди за дела против животната средина, само две се со казна затвор

Фото/Текст извор: ©мкд

Во текот на минатата година од 85 обвиненија поднесени за дела против животната  средина, донесени биле 73 осудителни пресуди, од кои 62 биле со плаќање на парична казна, а три се затворски, две до 6 месеци и една до 1 година затвор.

За узурпација на недвижности одговарале 35 лица, 34 за незаконски риболов, по шест лица за незаконски лов и за мачење животни, едно лице за незаконска експлоатација на минерални суровини, а три за други дела. Екоцид, новото кривично дело кое е предвидено во измените на Кривичниот законик кои се подготвуваат, предвидува строги затворски казни, дури и доживотни.

Против три лица осудени за кривични дела против животната средина и природата во 2021 година е изречена и конфискација на имот, а од 21 се одземени предмети.

Според анализата на Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) за тоа кои се најчести кривични дела против животната средина  за кои се изречени пресуди во периодот од 2017 до 2021 година, се узурпација на недвижност – 55 пресуди, незаконит лов и риболов – 20 пресуди, незаконска експлоатација на минерални суровини – 6 пресуди, мачење животни – 8 пресуди, пустошење шума – 3 пресуди и една пресуда за загрозување на животната средина и природата со отпад, 

Висината на паричните казни,  за овие дела, според анализата на ЦПИА за МИА, во најголем дел се движат во опсег од 300 до 500 евра, во пет пресуди е изречена казна во висина од 1 000 евра, а останатите казни се движат меѓу 600 и 800 евра.

Со последните измени во Законот за животна средина пак, има неколку категории на прекршочни санкции кои се движат од 20-50 илјади евра до 180 – 220 илјади евра во зависност од големината на правниот субјект.

Сепак, делото екоцид, кое ќе стапи во сила доколку се донесат измените во Кривичниот законик на што уште се работи, загадувањето на животната средина ќе биде на листата на најтешки кривични дела, бидејќи станува збор за масовно уништување на животната средина извршено со умисла.

Во пракса, затворски казни до 10 години па и доживотни за предизвикување  пожари на шуми, излевање на нафта/ хемиски отпад, дренирање на блатски екосистеми, прекумерен и неконтролиран лов и риболов, радиоактивна контаминација поради нуклеарни тестирања и користење нуклеарни оружја, односно дејствија или пропуштање на дејствија кои би довеле до масовно уништување на екосистеми.

Казнување всушност на дела на уништување на природата до степен од кој тешко се обновува растителниот и животинскиот свет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...