
Свет
Европа
На стотици возачи на електрични тротинети им биле одземени озачките дозволи затоа што биле пијани за време на фестивалот за пиво во Минхен, Октоберфест соопшти Германската полиција.
Дури 414 лица кои возеле еектрични тротинети на пијано се фатени, а од нив 254 лица останале и без возачка дозвола, се вели во полициското соопштение. Полициските патроли интервенирале во 32 случаи за да спречат пијани да возат електричен тротинет.

Нивната масовна употреба го изненади не само нашето туку и законодавството на Европската Унија. Во Белгија е дозволено тие да се движат на велосипедска патека, а на сообраќајна лента само доколку нема патека за велосипеди.
Во Германија, е-тротинетите, кои беа легализирани во јуни, се категоризираат како „моторизирани возила“.
Тоа значи дека нивните корисници подлежат на законска забрана за возење под дејство на алкохол.
Електричните тротинети имаат право да се движат со брзина од 20 км/ч, а може да ги управуваат лица од 14 години па нагоре.
Овој закон во Германија беше изгласан во мај, а со него е дозволено овие елетрични тротинети да се користат на јавни патишта.
Оваа вест беше од клучно значење за компаниите Bird Rides, Lime, и Volkswagen, компанија која пред брзо време се вкличи во овој бизнис.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.