Грчката верзија на „зелен сертификат“ за патување на островите, со исклучок на Лефкада и Евија е во сила во Грција од петокот. Патниците мора да имаат потврда за вакцинација, негативен ПЦР резултат на или документ за прележан Ковид-19.

Објавил: Перо Милчин | 16 мај, 2021 11:27

Олеснување на рестриктивните мерки на Балканот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Мерките против коронавирусот на Балканот постепено почнаа да се укинуваат или олеснуваат.

Турција, која сè уште е во национална блокада, планира да премине во постепено олеснување од следната недела, кога дневниот број на нови случаи на коронавируси ќе падне под 10.000. Планирано е први да почнат со работа малите комерцијални објекти, а потоа да бидат обновени предавањата и вежбите на некои факултети, пренесува Тв 21.

Грчката верзија на „зелен сертификат“ за патување на островите, со исклучок на Лефкада и Евија е во сила во Грција од петокот. Патниците мора да имаат потврда за вакцинација, негативен ПЦР резултат на или документ за прележан Ковид-19.

Кипар воведе специјални пропусници – „коронапасоши“, кои се однесуваат на лица вакцинирани со најмалку една доза или кои имале коронавирус во последните шест месеци. Туристите кои имаат потврда за вакцинација ќе бидат примени во земјата без потреба од ПЦР-тест и нема да бидат предмет на карантин, се додека имаат потврда од кипарските власти и поминале одреден број на денови по вакцинирањето.

Властите во Романија го укинаа задолжителното носење маска на отворено, освен на фреквентни места како што се пазари, плоштади и постојки за јавен превоз.

Во Србија, рестораните и кафулињата се отворени, а капацитетоте во затворнеиот дел можат да бидат полни до 50 проценти. Ноќните клубови остануваат затворени. Забраната за собирање на повеќе од пет лица останува во сила.

Во Словенија, средните училишта и универзитетите продолжуваат со физичко присуство од понеделник. Во затворените делови на установите ќе се служат само гости кои биле вакцинирани со две дози или имале Ковид-19 во последните шест месеци или имаат негативен резултат од тестот не постар од 48 часа.

Во Хрватска, Албанија и Косово продолжува трендот на опаѓање на нови случаи на инфекција со коронавирус, а процесот на вакцинирање добива на интензитет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Трипартитната изјава на претседателот Вучиќ и на премиерите Рама и Заев ви ја пренесуваме во целост:

Вучиќ, Рама и Заев во трипартитната изјава: Остануваме уште попосветени на нашиот пат кон ЕУ

Во рамките на иницијативата за засилена регионална соработка претседателот на Република...

Заев и Кривокапиќ изразија заложби за искористување на сите можности за интензивирање на економската соработка и за олеснување на регионалната мобилност на граѓаните, услугите и стоките.

Заев и Кривокапиќ: Македонија и Црна Гора се извонредно пријателски земји

Премиерот на Македонија Зоран Заев ја заврши работната агенда од Самитот на Западен...

На маргините на Самитот двајцата шефови на влади го потпишаа Договорот за воспоставување заеднички гранични и царински контроли на граничните премини меѓу Република Албанија и Република Македонија.

Заев и Рама потпишаа договор за заеднички гранични и царински контроли: На патот кон ЕУ остваруваме европски вредности за граѓаните од двете земји

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска во Тирана учествуваше...

Во видео обраќање, објавено на официјалната веб-страница на Брегу, таа презентираше аргументи во корист на формирање на заеднички регионален пазар, нагласувајќи дека пазарот на 18 милиони луѓе е многу привлечен на ЕУ и глобалната сцена.

ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН ИМА 1,4 МИЛИОНИ НЕВРАБОТЕНИ

Генералниот секретар на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу рече дека...