Спасовски, Николовски и Анѓушев, според иформациите, се луѓето од најголема доверба на Заев.

Објавил: Перо Милчин | 20 октомври, 2019 20:27

ЗАЕВ ЈА НАПУШТА ПРЕМИЕРСКАТА ФОТЕЛЈА: Оливер Спасовски премиер на техничката Влада!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, најверојатно е изборот на Зоран Заев за премиер на техничката владата доколку лидерите постигнат договор за брзи предвремени избори, дознава Алфа.

Според информациите на Алфа, останатите луѓе на кои се потпира премиерот, односно би ги заземале клучните заменички позиции во Пржинската влада би биле поранешниот министер за земјоделие Љупчо Николовски и актуелниот вице-премиер Кочо Анѓушев. Кои заменички позиции би ги зеле, засега не е одредено.

Спасовски, Николовски и Анѓушев, според информациите, се луѓето од најголема доверба на Заев и изборот да ја контролираат техничката влада паднал на нив, додека крилото на вицепремиерката и министерската за одбрана Радмила Шекеринска би си ги задржало своите позиции, но не би биле клучните играчи за избори.

На паузата од средбата претседателот Стево Пендаровски во изјава за медиумите рече дека од сите политички партии, постои консензус Република Македонија што е можно поскоро да ги почне преговорите со Европската Унија.

Постигнат е консензус дека сакаме во ЕУ и не прифаќаме понуда поразлична од полноправно членство во ЕУ, а сега на ред е втората тема – предвремените избори, рече Пендаровски во изјава за медиумите после првиот дел од средбата.

“И после самитот во Брисел на кој земјава не доби датум за почеток на преговорите и покрај тоа што ги исполни сите услови, драго ми што сите лидери јасно кажаа дека ова е патот по кој треба да одиме. Никој нема проблем со новата методологија на Унијата” рече Пендаровски.
– Јас инсистирам на тоа дека мора да има консензус меѓу власта и опозицијата. Мојот првичен впечаток е дека таква согласност постои. Кај партиите на власт, кај премиерот и другите, не видов желба да го заобиколат тој пат на консензуално договарање за избори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ахмет пред гостиварци рече дека Албанците заслужуваат премиер на државата, тој посочи дека изминативе години ДУИ, се избори за државни раководни функции, на кои беа назначени многу Албанци и сите тие работеле за доброто и напредокот на државата.

Али Ахмети: Заев нема да биде премиер, претера со своите изјави!

На вчерашниот митинг во Гпстивар, лидерот на ДУИ, Али Ахмети е оптимист кога станува...

Митрев вели дека веќе три недели ја применуваат оваа метода и досега тоа даде одлични резултати.

Жан Митрев: Со новиот метод на прочистување на крвта излечивме 25 пациенти заболени од Ковид-19 (ВИДЕО)

Истакнатиот македонски Кардиоваскуларен хирург доктор Жан Митрев кој воедно е и основач...

Тој рече дека примарна цел и приоритет на следната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ е обезбедување на ефикасни јавни финансии преку зајакнување на капацитетот на даночната администрација, ниски даноци, консолидација на јавниот долг и зголемување на ефикасноста во реализацијата на јавните расходи.

МИЦКОСКИ: Мораме да ги засукаме ракавите и да создадеме иднина каква што посакуваме за себе и нашите најблиски

Во следните четири години ќе се фокусираме на реализација на капитални инвестиции...