Дроновите освен во полициската работа биле користени и во операции како онаа со случувањата во кумановско Диво Насеље.

Објавил: Македонка Димкин | 22 февруари, 2020 20:56

Оливер Спасовски призејмил безпилотни летала важни за одбраната на Македонија

Фото/Текст извор: ©нова македонија

Регионалните медиуми деновиве излегоа со информации за приземјување на полициските беспилотни летала, наведувајќи дека три дрона на МВР се приземјени со одлука на поранешниот министер Оливер Спасовски, откако со реорганизацијата на безбедносно-разузнавачките служби и расформирањето на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), леталата потоа не биле префрлени во надлежност ниту на Бирото за јавната безбедност ниту во новата Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

Некогашниот министер на МВР, Павле Трајанов, вели дека преку медиумите бил запознаен со случајот и со информациите поврзани со беспилотните летала со кои располагала македонската безбедност, и оценува дека опремата и техника од овој тип се навистина корисна алатка во работата на нашите безбедносните институции

Според Трајанов, надлежните со реформите треба да одлучат на кој начин во иднина ќе ги користат овие летала, бидејќи тие имаат навистина широк обем на употреба.

– Со новата реорганизација на безбедносно-разузнавачките служби дроновите еднакво можат да бидат користени и од униформираните припадници, но и од оние што се дел од службите. Имено, Агенцијата за национална безбедност овие летала може да ги користи во операции поврзани со следење и сузбивање паравоени структури или терористички организации, бидејќи ваквите летала покрај камерите можат да користат и оружје, кое може да се монтира на нив.

Од друга страна, пак, униформираната полиција истите летала со сигурност може да ги исползува како добра алатка за мониторирање на границите, надгледување објекти што се од безбедносно значење, како касарни, тренинг-центри, електроцентрали и брани, и на тој начин може во секое време брзо и ефикасно да врши заштита на истите тие – вели Трајанов.

Во меѓувреме, белградскиот весник „Политика“ во своето последно издание на оваа тема информира дека властите на Македонија одлучиле по десетгодишно тајно дејствување да ја приземјат единицата за национална безбедност, во која оперираат израелски беспилотни летала од типот „хермес 450“, а сето било дел од процесот за спроведување на големата реформи во безбедносниот сектор.

Порталот „Балканска мрежа за безбедност“ пишува дека типот летала, со кои располага македонското МВР, биле многу респектабилни беспилотни модели на авиони, кои би можеле да развијат брзина од 300 километри во лет, а истовремено и да останат во воздухот до 20 часа, што е ресурс што им недостига на повеќето вооружени сили во регионот.

Порталот потсетува дека дроновите, освен во полициската работа биле користени и во операции како онаа со случувањата во кумановско Диво Насеље.
Новинската агенција „Бета“, пак, на темава додава дека беспилотните летала чекаат одлука за понатамошната судбина, а дел од вработените во оваа единица најверојатно наскоро ќе добија работа како техничари на хеликоптерите на македонското МВР.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Билјана Беличанец-Алексиќ во периодот од 2013 до 2017 година ја извршувала функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода. Таа беше актерка во Драмскиот театар Скопје и мајка на две деца.

ЕДНА ГОДИНА ОД СМРТТА НА БЕЛИЧАНЕЦ- Туфи никогаш нема да биде заборавена!

Пред една година на денешен ден Македонија ја потресе веста за смртта на една од најпознатите...

Џонсон бил сместен на интензивна нега поради „постојани симптоми на коронавирус“, јавува Даунинг стрит.

ВЛОШЕНА СОСТОЈБАТА НА БОРИС ЏОНСОН: Британскиот премиер итно пренесен на интензивна нега!

Британскиот премиер Борис Џонсон е сместен на интензивна нега поради корона вирусот. Премиерот...

Бабата на претседателот Стево Пендаровски, мајката на неговата сопруга Елизабета, починала вчера, а посмртно беа земени брисеви за вирусот Ковид-19.

Излегоа резултатите од тестот за коронавирус на бабата на претседателот која почина вчера!

Денеска од кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски информираа дека...