Спасовски вели дека додека тој бил генерален секретар на партијата Зоран Верушевски не бил ниту претседател ниту пак член на комисијата за безбедност на СДСМ, туку бил човек кој само соработувал во тој сегмент,

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 ноември, 2019 19:05

Оливер Спасовски призна дека Заев лажел за Верушевски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Спротивставени изјави на лидерот на СДСМ Зоран Заев и поранешниот генерален секретар на партијата Оливер Спасовски околу ангажманот на Зоран Верушевски во СДСМ.

Оливер Спасовски важи за човек од доверба на премиерот Зоран Заев.

Ѕвонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски велат ние ги дававме на професорот Верушевски и толку требале да знаат во тој момент тие ги давале во СДСМ претставени преку шефот за комисијата за безбедност, Верушевски и правно формално се давани на СДСМ, изјави премиерот Заев.

Но поинакво толкување даде поранешниот генерален секретар Оливер Спасовски.

На новинарско прашање во емисијата Топ тема упатено до Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дали Верушевски бил член на комисијата за безбедност на СДСМ, Спасовски вели дека додека тој бил генерален секретар на партијата Зоран Верушевски не бил ниту претседател ниту пак член на комисијата за безбедност на СДСМ, туку бил човек кој само соработувал во тој сегмент, објави Лидер.мк.

Инаку Зоран Верушевски ќе добие оштета во износ од 42 илјади евра за претрпени душевна болка и повреда на угледот и честа.

Ваката одлука беше донесена од граѓанскиот суд на ексразузнавачот Зоран Верушевски кои помина 344 дена неосновано во притвор за измислениот предмет „Пуч“.

Верушевски има право на жалба бидејќи со тужбеното барање побара 71.000 евра. Има право да се жали и заменикот државен правобранител во име на државата и колку побрзо ќе стане правосилна пресудата, толку помала сума ќе му се даде на тужителот, бидејќи од денеска тече и камата на овие 42 илјади евра што му ги даде првостепениот суд на Верушевски.

Во 2015 та година откако почнаа да се објавуваат бомбите, Верушевски беше веднаш притворен, со обвинувања првин за неовластено поседување на службениот патем пиштол, а потоа и за велепредавство и шпиунажа, со цел тогашниот премиер Никола Груевски да ја убеди јавноста дека не прислушувале тој и УБК со која раководеше тогаш Сашо Мијалков, туку дека Верушевски и странски служби прислушувале.

За оружјето беше ослободен, а обвинението за „Пуч“ го повлече Катица Јанева. Така тој и сопругата Соња Верушевска стекнаа право за отштета од државата.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Тој прокоментира за трговската ознака, и вели дека ние треба да бидеме многу понастојчиви и политички, не само правно. Потсетува дека за тоа е формиран тим од експерти од двете страни, кој треба во рок од три години да донесе решение за ознаките за се што се извезува од нашите две држави во светот.

Пендаровски: На албанците името Македонија, идентитетот и јазикот македонски, не им значи!

Претседателот на државата Стево Пендаровски вчера во интервју за емисијата Само вистина...

Златев за пример го посочи Доналд Трамп кој ги обвинува медиумите кои се критички настроени кон него и неговата политика. Се расправа со „CNN“, се расправа со „New York Times“, ги обвинува за ширење на „Fake News“.

Златев: Реагираат на мене бидејќи им ги откривам скандалите!

Новинарот иглавен и одговорен уредник на порталот ЕкономскиЛидер, ЉупчоЗлатев, во...

Не обвинија само поради тоа што си ја сакаме Македонија. Секој ден сме бомбардирани со лажни вести и афери.

Мизрахи: Ќе ставиме крај на ЗАЕВИЗМОТ- не обвинија бидејќи си ја сакаме МАКЕДОНИЈА

Разрешената министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи на социјалните...