По вчерашната "средба" на т.н. македонска дијаспора со премиерот Заев не стивнуваат реакциите на организациите на дијаспората од САД и Европа

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 август, 2018 9:04

ОМД: “Ние се знаеме во САД и ниту една организација не пратила претставник кај Заев и Адеми”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На средбата која ја организираше министерот без ресот задолжен за односи со дијаспората Едмонд Адеми со премиерот Заев како што беше соопштено беа присутни претставници на организации на македонската дијаспора од САД и земји од Европа. 

Но според информациите до кои дојде магазин.мк ниту САД ниту Швајцарија немала свој претставник иако овие две држави беа посебно апострофирани на средбата.

Од САД го побаравме претставникот на Обединетата Македонска Дијаспора «ОМД» Мето Колоски кој ни одговори на три прашања:

Мето Колоски претставник на ОМД Македонска дијаспора за САД.

Дали бевте повикан од премиерот Заев или министерот Адеми и вие како ОМД да присуствува на средбата?

“До денес до ОМД нема пристигнато покана за средбата која се оддржа на 15-ти август во Владата на Република Македонија. ОМД не очекуваше дека ќе биде повикана поради тоа што ОМД објави јасно дека ги прекинува сите комуникации со владата и е против Договорот со Грција следствено на тоа ОМД ќе го бојкотира референдумот.”

Дали тогаш знаете кој од македонската дијаспора во САД беше присутен?

“ОМД има контакт со скоро сите лидери на македонски организации во САД и сигурен сум дека доколку некој од нив присуствуваше би биле информирани. Досега немаме никакви информации.”

Зошто тогаш ОМД не беше таму?

“ОМД не е задграничен комитет на СДСМ ниту па на ВМРО – ДПМНЕ или било која друга партија па очигледно затоа и не бевме дел. ОМД е невладина организација. Но можам да тврдам со сигурност дека не е случајно тоа што владата во своето официјално известување за средбата ги изостави имињата на присутните преставници од дијаспората. Со оглед на случувањата во дијаспората најверојатно се работи за иселенички организации на коалициониот партнер како и преставници од новата “организација”  Форум За Демократска Македонија која не случајно постои од формирањето на сегашнава влада т.е. е нивна инсталација каде членуваат учесници од шарената револуција и на која владата несебично и доделува грантови во изминатиов период.”

Музичкиот продуцент и менаџер Васко Белески на својата фан страна  излезе и со отворено писмо до владата и премиерот Зоран Заев: 

Васко Белески еден од претставниците и член на координативно тело за Македонската дијаспора во Швајцарија.

Јас лично сум член на едно координативно тело кое е на висина на задачата како највисоко во Швајцарија за Македонската дијаспора во кое партипицираат Македонци »Христијани – Муслимани – Власи – Роми – Срби – Бошњаци ». 

Никој од нас не е повикан на некаков си состанок со Зоран Заев.

Оттука сме запрепастени дека Зоран Заев го користи името на Македонската дијаспора во Швајцарија а притоа тоа да не ја преставува реалноста.

Албанците кои се во Швајцарија не се декларираат како Македонска дијаспора туку како Албанци и тие не можат да бидат наши претставници. Затоа ја повикувам владата и лично Зоран Заев да не повика на состанок за да ги разгледаме неговите “успеси” и да му го кажеме нашиот став околу неговата политика и престојниот Референдум!”

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Дијаспора

Верувам дека гледате и следите како набрзина се брише, се ништи, се што е македонско. Исчезнува придавката македонски пред институциите, ги менуваат топонимите, од соседите слушаме дека дека македонскиот јазик бил дијалект на бугарскиот

Игор Дурловски: Вечерва сум илјадници километри далеку од дома, но без чувство дека сум во туѓина!

Веќе неколку години, светот го запознава басот Игор Дурловски како интерпретатор на...