Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

Објавил: Едмонд Бекири | 14 јуни, 2022 7:02

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија – ја осудува таканаречената шега „Иднината Западна Бугарија“ на албанскиот премиер Еди Рама и повикува на негово итно извинување до Македонија и Македонскиот народ.

За време на Самитот на шефови на држави и влади на земјите-членки на процесот за соравботка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), за време на претставувањето на македонскиот премиер Димитар Ковачевски со Германецот Канцеларот Олаф Шолц, а пред грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, Рама „на шега“ го нарече Ковачевски како лидер на „ Иднината Западна Бугарија“.

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

Во време кога односите меѓу Македонија и Бугарија се на историски најниско ниво и Бугарија ирационално го блокира членството на Македонија во ЕУ поради историјата и идентитетот, „шегата“ на Рама е потполна невкусна и не е иронична или саркастична како што тој подоцна објави на Твитер, туку е бесчувствителна и крајно навредлива.

Револтот кај македонското општество е потполно легитимен, а не хистерија како што изјави Рама.

Неискусната реакција на Ковачевски смеејќи се на коментарот, без никаква реакција покажува дека нацијата е лесно манипулативна за да одговара на потребите на нејзините соседи. Сме сведоци на претходни нечувствително однесување од страна на Рама, се чини дека Рама намерно ја искажува неговата „шега“ и ја исмева својата македонска договорна страна.

Во Албанија, претставниците на бугарското Министерство за надворешни работи имаат слобода да ги заплашат членовите на македонското малцинство и да извршат притисок да се декларираат како Бугари со враќање за државјанство на ЕУ преку Бугарија, без никаква осуда од Албанците и владините претставници. Рама наведува дека нема проблеми со мешање во внатрешните работи на другите, со оглед на сопствената иницијатива „Тиранска платформа“ од јануари 2017 година.

Ставовите на бугарската политичка елита се дека Македонија не е ништо друго освен западна бугарска територија, дека Македонците не се ништо друго освен западни Бугари и дека на Македонскиот јазик е бугарски.

Во 2009 година, тогашниот грчки министер за култура, кој подоцна стана премиер Андонис Самарас изјави „Времето е на наша страна“. „Верувам дека Скопје нема да опстане како независна држава и дека Грција нема од што да се плаши од создавањето на „Голема Албанија“ и „Голема Бугарија“.

Соседите на Македонија постојано го оспоруваат македонското право на само-определување. Идеите за „Големото“ се живи. „Шегата“ на Рама ја повторува потребата од Македонската политичка елита да созрее и стои зад националните ставови.

Обединета македонска дијаспора (ОМД)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Пред два дена на затворена седница на Валада речиси без забелешки го прифатила предлогот на МНР Ејупи да биде генерален конзул во Њујорк – Њу Џерси – Тотова

Телма дознава: Владата на затворена седница го повлекла предлогот Ејупи да биде генерален конзул во САД

Предлогот 28-годишната презентерка, Бесмира Ејупи, да биде нов генерален конзул во Њујорк,...