Забава
Ноќен Клуб
Настанот се случил минатиот викенд, во хрватскиот град Бјеловар, во ноќниот клуб “Тилт“. Гостите вечерта ги забавувал српскиот фолк пејач Митар Мириќ, кој пее новокомпонирани фолк мелодии, но и препеви на народни српски, босански и хрватски песни.
Атмосферата била прилично загреана, многу гости, алкохол и разиграни весељаци. Но, на една од неговите најпопуларни песни, “Не може нам нико ништа, јачи смо од судбине“, се случила кулминацијата.

Имено, според порталот www.bjelovar.live , во ноќниот клуб биле присутни и неколку полицајци во цивил, од кои двајца не биле баш во добри односи со сопственикот на кафеаната. Тензијата меѓу нив била присутна цела вечер, но некаде околу 3 часот по полноќ, големата веселба и пеењето на рефрените на Митар Мириќ биле прекинати со општа тепачка, која траела околу 20тина минути. Во тепачката, во која потоа учество зеле 30тина гости, освен тупаници, летале и шишиња, пепељари и чаши.
Двајца гости биле повредени, а Митар Мириќ, за среќа спасил кожа бил евакуиран од кафаната после доаѓањето на полициската интервентна единица, која ја блокирала улицата пред локалот, привела дел од тепачите и ја смирила ситуацијата. Вилијам Дед, сопственик на локалот “Тилт“, во изјава за порталот директно ги обвинил полицајците во цивил за предизвикување на масовната тепачка во неговата кафана за време на концертот на Митар Мириќ.
Општинската полиција во Бјеловар го потврдила инцидентот, но соопштила дека сеуште трае истрагата и сослушувањето на очевидците за да се утврдат мотивите и главните предизвикувачи на тепачката. Како и да е, сепак српската фолк естрада сеуште е популарна во Хрватска.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Ноќен Клуб
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.