
Забава
Ресторан
Скопје, 02.07.2020 – Најпопуларните вина од сегментот на традиционални вина на винарницата „Тиквеш“ – „Смедеревка“ и „Розе“ добија нова атрактивна амбалажа од 0,5 литри, а на љубителите на виното им се достапни на полиците на продажните места и во угостителските објекти од почетокот на месецов.
Со лансирањето на новата амбалажа на овие две вина, „Тиквеш“ го збогатува веќе широкиот избор во својата палета, создавајќи нови навики во одговорната консумација на вината од оваа категорија, особено во топлите летни месеци.
Полулитарската амбалажа на омилените „Смедеревка“ и „Розе“ ќе ја зголеми нивната достапност, одговарајќи на современите трендови и на потребите и очекувањата на љубителите на вино во нашата земја.
„Тиквеш“ — најголемата винарска визба во Македонија. Според правниот статус, таа е акционерско друштво, со седиште во Скопје.
Почетоците на винарската визба „Тиквеш“ може да се најдат некаде кон крајот на 19 век кога повеќе угледни семејства од Тиквешијатазапочнувале да создаваат вински подруми во кои се произведуваат квалитетни вина во шишиња на чии етикети јасно се истакнува географското потекло на виното. Периодот кореспондира со падот на Отоманското Царство. Пане Велков, трговец, аристократ и земјопоседник, отворил винарска визба на површина од 1200 квадратни метри.
Првото споменување на „Тиквеш“ во пишан документ се поврзува токму со овој период, поточно со годината 1885, која се смета и за година кога за првпат започнува организираното производство и продажба на вино во Македонија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.