ОМО Илинден-Пирин во објава на социјалните мрежи сподели неколку вести за како што велат „добрососедската“ земја Бугарија и како таа гради добрососедски односи со Балканските држави.
„Уште нетргнати се заканија дека ќе палат знамиња на Албанија и Македонија. При пристигнувањето беше предизвикан инцидент со локалното албанско население во Скопје, при што беше прободен еден бугарски граѓанин, за потоа инцидентите да ги префрлат на стадион во судир со македонската полиција, која уапси 19 бугарски навивачи. За извиците од трибините како им посакуваат смрт на Албанците, дека Македонија е бугарска земја и слична реторика, да не ни споменуваме“, пишува ОМО Илинден-Пирин.
Како шти објавија на социјалните мрежи, на 2 август, „во присуство на највисокото претставништво на државата, јавно на ТВ повторно и после 150-тина години со тешка дискриминаторна реторика, јавно искажани територијални претензии и нималку добрососедски став го обележаа Илинден, како празник на бугарското востание, па и манипулирајќи го името со нивната измислица за некакво си Илинденско-Преображенско востание и претставувајќи го како востание на Бугари“.
„Нивната политика на дискриминација ја свртеа кон Србија, на која исто така и го дискриминираат српското малцинство во Бугарија и го декларираат како непостоечко. На тоа веднаш добија одговор од Ивица Дачиќ дека и бугарското малцинство кое изнесува само 0,29% во Србија нема да биде признаено“, се вели во објавата на ОМО Илинден-Пирин.
„Генерации растени со лаги и фабрикувана историја многу лесно се манипулираат. Па така пред неколку дена во градот Кавала, 35-годишен бугарин го одстранил грчкото знаме од јарбол и поставил бугарско извикувајќи “Тоа е Бугарија!” Полицијата соопштила дека сторителот и е познат и од претходни прекршоци и истиот бил однесен на распит во Драма“, се додава во објавата.
Од ОМО Илинден-Пирин заклучуваат дека за само 10 дена, Бугарија успеала да деградира и дискриминира 4 различни народи, 3 земји и милиони граѓани од Македонија, Србија и Грција.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.