Фамозниот бројчаник кој требаше да биде поставен на Триумфалната капија, не е поставен од причина што тие единаесет милиони евра кои што се спомнуваат се само уште една торба со пари која денес обвинителството ја нарече ,,Рекет 2”.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 октомври, 2019 10:56

„Оние 11 милиони евра за кои велеа дека биле за финансирање на кампањата, се парите за Рекет 2 “

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашното гостување во емисијата Отворено на ТВ 24 истакна дека всушност оние 11 милиони евра за кои Власта изјави  дека биле за финансирање на кампањата, испадна дека се парите за Рекет 2 на власта“

Мицкоски истакна дека тој се чуствува горд што ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во операцијата на распродавање на името.

Фамозниот бројчаник кој требаше да биде поставен на Триумфалната капија, не е поставен од причина што тие единаесет милиони евра кои што се спомнуваат се само уште една торба со пари која денес обвинителството ја нарече ,,Рекет 2”. Поради тоа во сите градови, низ целата Македонија ни се случува пустош, истакна Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашното гостување во емисијата Отворено на ТВ 24.

Претседателот на опозициската ВМРО, Мицкоски додаде дека доколку се добие датум за преговори со ЕУ, истиот ќе биде добиен само врз основа на политичка одлука од повисоки инстанци, а не поради реформи во државата кои повеќе од јасно не постојат.

Тој истакна дека  се чуствува горд што неговата партија ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во операцијата на распродавање на името.

-Јас се чувствувам горд што ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во таа операција на продавање и распродажба на идентитетот на македонскиот народ и македонската држава, вели Мицкоски.

Мицкоски исто така посочи дека ние треба да ги гледаме работите низ призма на многу работа и многу труд, дека не треба да бидеме клиентелисти и материјалисти и да кажуваме дека парите ни се важни, ако треба и кожата ќе си ја продадеме, напротив верува дека работите треба да се гледаат низ вредности и принципи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Најскапо нè чинел пратеникот Алија Камберовски од ПЕИ, кој беше дел од коалиција на СДСМ. Патува од Струга, тоа го чинело 47.450 евра.

По 47.000 евра патни трошоци за пратеник – ТВ21 открива: Колку нѐ чинеше последниот парламентарен состав?

Од 500 па до 47.000 евра земале пратениците за патни трошоци во деветтиот парламентарен...

„Никогаш ДУИ не побарало да биде дел од владата, доколку не имало победа зад себе и без да има легимитет зад себе!

Арифи: ДУИ не е блеферска партија, но во ВМРО-ДПМНЕ не гледам коалициски партнер

„ДУИ не е блеферска партија, луѓето веруваат во нив и низ процес на разговори можат...

Кој нормален човек во Македонија после се што се случи ќе гласа за „психопатот„ Зоран Заев? Дали Македонецот заслужува да го води „монструм„ каков што е Заев?

БЕЛЕСКИ: На 15 Јули е поседниот воз да се спаси Македонија од канџите на предавниците- ГЛАСАЈТЕ ЗА ОБНОВА!

Македонскиот активист и хуманист Васко Белески, на социјалните мрежи повика на 15 јули...

Оптимизмот дека ќе извојува победа во Гостивар, тој го образложи со благодарноста на Албанците во Гостивар, бидејќи тие ги ценат постигнувањата кои се остварени со големо жртвување и пролеана крв.

Ахмети: Ние не бараме нешто за да им ја уништиме среќата на Македонците, ние си го бараме своето

Барајќи го гласот од гостиварци, Али Ахмети лидерот на партијата Демократска унија...