Онлајн-наставата во 88 отсто од училиштата се одвива без пречки, тврди министерката за образование и наука Мила Царовска.

Објавил: Стојче Бушин | 21 октомври, 2020 11:57

Онлајн-наставата во 88 отсто од училиштата се одвива без пречки, тврди Мила Царовска

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Министерката за образование, Мила Царовска најави дека е можно наставниците да предаваат и онлајн од дома, за како што рече, да не се загрева цела училница за еден наставник.

Онлајн-наставата во 88 отсто од училиштата се одвива без пречки, тврди министерката за образование и наука Мила Царовска.

„Бојкотот на наставата е само неконструктивен начин на изразување незадоволство од пандемијата. Тоа не е нешто што одлучуваме дали го сакаме или не го сакаме. Тоа е нешто со што мора да живееме, а со бојкотирање на наставата губат учениците. Наша обврска е да го штитиме здравјето на граѓаните, поради тоа што младите може да пренесат ковид-19. Ако така одлучила Комисијата за заразни болести, јас ги повикувам учениците и наставниците да се приклучат кон овој начин на настава“, порача Царовска при посета на училишта во Кочани.

Таа најави дека можно е наставниците да се вратат дома и да држат онлајн часови, за во зимскиот период да не мора да се загрева цела училница.

„Нема потреба да расфрламе пари за загревање на цела училница за еден наставник и тие пари да може да се искористат во набавка на ИТ-уреди. Мислам дека тој модел ќе виде најдобар, но кога ќе ја донесеме одлуката ќе ја информираме јавноста“,рече Царовска!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

Царовска истакна дека МОН продолжува да работи на враќање на достоинството на наставниците, мотивирање и вреднување на нивниот труд.

Царовска: Буџетот за 2021 насочен за реформи во образованието и двојно повеќе капитални инвестиции

Министерката за образование и наука Мила Царовска денес го презентираше граѓанскиот...

Стипендијата изнесува 6.500 денари во текот на 12 месеци а заклучно со 30.10.2020 г., преку Фондацијата „Трајче Мукаетов“ исплатен е износ од 99.947.500 денари на стипендистите и првенците на генерацијата!

Фондацијата „Tрајче Mукаетов“ додели 39 нови стипендии за учебната 2020/21

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ тринаесетта година по ред, доделува стипендии на студенти...

За донациите од многу компании што се случуваат на локално ниво, Царовска рече дека тие во минатите две недели се во комуникација со градоначалниците за да донираат маски и ИКТ опрема.

Царовска: 87 отсто од учениците без проблем следат онлајн настава

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска изјави дека 87 отсто од учениците...