Повреден уште еден ракометар на Вардар,Алжирскиот голман Калифа Гедбан.

Објавил: admin@magazin | 26 декември, 2018 11:32

Опериран голманот на Вардар. На проблемите им нема крај

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Алжирскиот голман Калифа Гедбан е последниот на листата повредени ракометари во Вардар кој мораше да биде опериран и да му биде санирана повреда.

Од клубот информираат дека Гедбан имал проблеми со препоните, па морало да биде направен хируршки зафат.

Гедбан ја продолжи низата со повредени ракометари во Вардар која почна со Сергеј Горбок, па Вуко Борозан, следуваше Рожерио Мораеш и претпоследен беше „џинот“ Даинис Криштопанс. Сега е пауза во сите конкуренции, па талентираниот голман ќе има време да се подготви за пролетните искушенија на клубот.

Калифа Гедбан доаѓа со договор од една година во РК Вардар. Тој е првиот ракометар од Алжир што игра за тимот на Вардар.Станува збор за голман кој е висок 200 см, за кој се предвидува дека ќе има светла иднина.

Ракометарите на Вардар првиот собир ќе го имаат во 2019 година на 8 јануари. РК „Вардар“ има богато учество на меѓународните ракометни натпреварувања. На европската ракометна сцена, „Вардар“ дебитирал во сезоната 1993/1994, во натпреварите од Купот на ЕХФ. „Вардар“ е првата македонска екипа што настапувала во Лигата на шампионите, како и првиот победник во Регионалната лига „СЕХА“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.