
Македонија
Скандал
Пред неколку дена Магазин откри дека оперската пејачка Весна Ѓиновска – Илковска, годинава за старо-нов проект наречен „Јубилеен концерт на Весна Ѓиновска – Илковска по повод 25 години кариера“ од Министерство за култура земала 600.000 денари. Ова вртоглава сума на пари која таа ја добила за еден проект – односно за еден концерт, други оперски пејачи, институции и друштва не ја добиле ниту за неколку солистички концерти.

Покрај тоа што во глетката од 600.000 денара на списокот на оделени средства од годишната програма на Министерство за културура повикува на зачудување, фактот дека во Советот при Министерство за култура, Весна Ѓилковска е член уште повеќе повлекува недоумици и прашања. Значи како советник на министерот за култура, таа го советувала истиот министер кој има одлучувачка улога, да и додели токму за нејзиниот јубилеен концерт, толкава сума на пари. Нам ова ни личеше на конфликт на интерес, па прашавме јавно дали во правната или етичката терминологија овој феномен баш така се нарекува и како се третира. Сепак не добивме одговор, ниту демант, ни од оперската пејачка, ниту од надлежните во Министерство за култура.
Но скандалите порзани со името на оперската пејачка не престануваат. Имено порталот „Република“ пренесе дека Весна Ѓиновска го откажала јубилејниот концер за кој земала 600.000 денари да го организира. Причината за неговото одложување не е јасна, но се претпоставува дека е поради новонастанатата ситуација со корона вирусот. За одложување на концеротот не е наведена јасна причина, ниту за кога тој ќе се презакаже и што со народните пари кои се земени за организација на концертот? Обично средствата за организирање на настаните се пуштаат однапред, па голема е веројатноста дека оперската пејачка веќе располага со средствата за кои засега барем нема да организира концерт.
После тоа следуваат избори, па формирање на нова влада и куп други настани што ќе го задржат фокусот на јавната сцена. Кога тој концерт ќе се одржи, никој не знае. Што со парите, ако се добиени, повторно никој не знае. Што ќе се случи ако пари се добиени, а концерт не се одржи? Дали тие ќе се вратат во буџетската каса? – Повторно никој нема одговор. Ако не се примени парите сеуште и коцертот не е одржан, дали пари ќе се пуштат тогаш кога треба и по цена ако концертот не е одржан или сепак надлежните ќе почекаат гаранција дека концертот се одржал па потоа ќе пуштат средства во вид на награда?
Весна Ѓиновска – Илковска на јавноста и го привлекува вниманието и со тоа што скоро секој партиски собир на СДСМ ја избедува химната на како што би кажале тие „Република Северна Македонија“. Ѓиновска ја изведува химната на „Северна“ без проблем, како што не и е проблем да се појави на партиско случување. Па дали тоа има некаква врска со овие нејаснотии околу средствата што ги прима од Министерство за култура, ние не можеме да знаеме, но сепак наше е да прашаме и да изразиме дека има нелогичност во целата приказна.
Автор: Стојмановиќ Магдалена
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.