Дали советниците од СДСМ, Методија Илиевски, Татјана Крнцева, Славе Најдовски и Емилија Костурски си ги вработиле блиските роднини

Објавил: Данаил Михајловски | 12 март, 2019 11:31

Општината Битола зафатена од епидемија на непотизам

Фото/Текст извор: ©магазин

Битолската чаршија зборува дека советниците од СДСМ, Валентин Груевски, Методија Илиевски, Татјана Крнцева, Славе Најдовски и Емилија Костурски си ги вработиле блиските роднини во општината или во други државни претпријатија, користејќи ја својата позиција во власта и своето влијание во партијата. Градоначалничката на Битола тврди дека таа не знае за случај на непотизам и дека немала увид кој од нововработените во општината е близок роднина на советниците од СДСМ. Инаку општината Битола брои околу 140 вработени административци. 

Но, според позитивните законски прописи легитимно е прашањето дали општина Битола ја тресе непотизам со оглед на тоа дека роднини на поголем дел од советниците од листата на СДСМ – во последната година си обезбнедиле работни позции или во општината или во институции кои се во нејзина надлежност. Од брачни партнери, ќерќи и синови, браќа, снаи, внуци се дел од луѓето кои се сместиле во општински фотељи, а се знае дека за буџетот на општината одлучуваат советниците, што има печат и на конфликт на интереси.

  • Претседател на Советот е Валентин Груевски, кој е вработен во ЈП „Пазари“. Неговито прв братучед, Бобо Груевски се вработува како советник за култура во општина Битола.
  • Методија Илиевски е советник од СДСМ, кој истовремено е и подрачен министер за земјоделие, а неговиот брат Михајло Илиевски добил работа во Агенцијата за развој на земјоделството.
  • Татјана Крнцева, советник во општина Битола, нејзиниот брат Ѓорѓи, добива работа во битолскиот театар. 
  • Емилија Костурски, советничка од СДСМ, во исто време е и заменик директорка во медицинското училиште, каде е и професорка, а нејзиниот сопруг Владимир Костурски во 2018 година се вработил директно во општината како помошник раководител во секторот за локален економски развој.
Славе Најдовски, во 2017 година е избран за советник на СДСМ, а веднаш потоа неговиот брат Слободан Најдовски станува секретар на општината, неговата снаа добила работа како директорка во Заводот за рехабилитација, додека синот се вработил во Царинската управа. Битолската јавност со нетрпение очекува премиерот Заев или пратеникот Кирацоски да ги повикаат роднините на советниците на СДСМ да си дадат отказ, барем тие што се вработени во општината, заради конфликт на интереси.

За сите овие вработувања роднините на советниците на СДСМ од општина Битола, Телевизијата 24 ја праша и градоначалничката Наташа Петровска – но таа ги повика надлежните институции ако има прекршувања на постапклите да реагираат. Наташа Петровска тврди дека таа не знае за случај на непотизам и дека немала увид кој од нововработените во општината е близок роднина на советниците од СДСМ. При тоа, за вработувањето на нејзиниот брат како професор по математика во едно од битолските училишта тврди дека е направено согласно конкурсот и дека нејзиниот брат бил единствениот пријавен кандидат.

Во изборната програма “Живот во Битола“, во 2017-та година, Наташа Петровска напиша: “Не е ни најмалку лесно да се живее со секојдневието, дека имаме дечиња кои немаат можност да бидат згрижени во градинка. Не е лесно
да се живее со фактот дека во училиштата недостигаат елементарни
услови. Младите ни заминуваат во странство. На нашата Битола ѝ недостига
современ пазар, ѝ недостигаат улици, ѝ недостигаат спортски терени. Нам
ни треба Офицерски Дом, нам ни треба нашиот Копанки. Нам ни треба
чистиот воздухот во нашите гради. Градот кој го имаше ракометот,
атлетиката, фудбалот, боксот, градот кој ечеше со восклици за победи,
ете тој град што ни го украдоа – да си го земеме.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Непотизам

Како што иформираат тамошните медиуми, дваесет и петгодишниот Сејнур Бекири, по потекло од Македонија загина кога автомобилот во кој се возел излетал од патот и се забил во дрво, вчера вечерта во местото Кастиџано, кај Анкона во Италија.

ТРАГЕДИЈА: Момче од Македонија загина во сообраќајка во Италија

Трагедија на патиштата во Италија, загина македонски државјанин на местото Кастиџано. Како...

Горан Стаменковски зема плата како советник на премиерот Заев (извршна власт), а исто така е раководител во Кривичниот суд (мешање во судска власт) од каде што зема уште една државна плата!

Антикорупциска ќе отвори случај за непотизам, судијата Седат Реџепагиќ си ја вработил ќерката во истиот суд!

Претседателката на Антикорупциска комисија Ивановска, во радио емисијата Канал77,...