Согласно тоа, денес, започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид. – објави на Фејсбук Георгиески!

Објавил: Владо Марин | 18 мај, 2020 13:45

Општина Охрид го руши нелегално изградениот ѕид на плажата во Градиште!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид во авто – кампот „Градиште“, информира денеска градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

Општина Охрид го започна рушењето на нелегално изградениот ѕид на една од плажите во авто-кампот „Градиште“.

Градежен, комунален инспектор и инспектор за животна средина, утрово, извршија увид по што беше констатирано дека изведувачот нема постапено согласно издаденото решение за отстранување.

Согласно тоа, денес, започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид. – објави на Фејсбук Георгиески.

Започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид во авто – кампот „Градиште“, информира денеска градоначалникот на Охрид Константин Георгиески!

Локалната власт и градоначалникот се селективни во спроведувањето на законите, обвинува опозициската ВМРО ДПМНЕ, по објавувањето на информациите дека од месец март во Градиште се гради потпорен ѕид на плажа веднаш до самото езеро. Партијата уште го обвини првиот човек на градот дека не ја говори вистината, откако тој, вчера, јавно изјави дека градбата нема дозвола и дека е издадено решение за отстранување.

Ако се почитуваат законските процедури за да се отстрани ѕидот до самото Охридско Езеро во Градиште, а се ближи и крајот на месец мај, тогаш зошто тоа не е направено и отстрането во предвидениот рок од општина Охрид? Тука е вашето лицемерие затоа што во целиот мандат освен селективни решенија за рушење повеќе храборост не видовме. Јавноста е сведок дека не срушивте ниту еден објект. Дали тоа го правите свесно и намерно сакајќи да помине Законот за легализација предложен од вашата партија? – прашува ВМРО ДПМНЕ.

ВМРО ДПМНЕ бара општината веднаш да пристапи кон уривање на спорниот ѕид.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.